Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1813677 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Извинете не знаев дека сум се логирал на tumblr денес.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
^^
Абе Патишта. Многу неточности кажа... Морам сега едно по едно.   :-\


Придовката на цивилизацијата не може да биде бутање на крвав копан во уста.
Јадењето храна богата со нутриенти е потреба. Тоа е реалност а реалноста не е предмет на филозофирања за „цивилизациски достигнувања“.
Јадење исхрана во која влегува и месо, е единствената исхрана која ги опфаќа сите потребни нутриенти. Дури ни нај-харкор едуцираните вегани (какви не се ни 1% од нив), без разлика колку и параметри да следат во исхраната и со чести тестирања на крв - пак не можат да бидат сигурни дека внесуваат се што им е потребно, затоа што медицината дури и денес е далеку од идентификација на сите нутриенти во секојдневната храна во која има и месо. Со таква исхрана се хранеле нашите претци, со таква исхрана сме еволуирале и секоја промена ќе биде долга и болна - и да нема сомнеж, зборуваме за еволуција во период од стотици илјади години.

Пред „само“ десетина илјади години е случена големата промена од ловец-собирач кон фармер, а сепак и ден денес чуствуваме проблеми од таквата екстремна примена од овошје, зеленчук, месо - кон житарки. Еден куп авто-имуни болести се последица на таа наша неприспособеност за исхрана во која доминираат житарки. На пример, се проценува дека се дијагностцирани само 1% од луѓето кои имаат проблем со глутен (што е заеднички ризик фактор за многу авто-имуни болести).


А за какво преживување зборуваш? Ќе преживееш и со еден компир на ден, најмалку 80 години, дури и поздрав ќе бидеш. На кого мислиш му е битно да преживее овој крволочен и себечен вид? Погоди од прв пат: апсолутно никому.
80 години на компири?
Не, за пар месеци би умрел од скорбут.  :D
Факт. :)

За разлика од многу други животни, ние човечките животни одамна ја имаме изгубено способноста да синтетизираме свој витамин Ц и истиот мора да го внесуваме преку исхраната. Интересно е што ова е уште еден доказ за вистинитоста на теоријата за еволуцијата. ;)

Знаеш ли дека тоа ни е заедничко нам луѓето, и на сите (други) мајмуни?
Знаеш ли дека од друга страна други цицачи, како на пример мачките и кучињата, можат да синтетизираат витамин Ц?
Тоа ти кажува дека во еден историски период наназад заедничкиот предок на човекот и мајмуните, ја изгубил способноста да синтетизира витамин Ц. Тоа бил нуспроизвод на одредена мутација која придонела за неспособост за синтеза на витамин Ц, но била мутаицја која од друг аспект била успешна, и затоа станала доминантно генетско наследство. Еволуција. :)
Читни интересно четиво:
https://skeptoid.com/blog/2014/08/17/the-loss-of-vitamin-c-one-more-proof-for-evolution/


денес и таа теорија како и многу други од нејзино време е скоро побиена. Односно, таа никогaш не била докажана, денес една третина научници не веруваат во неа. А многу е тешко да се докаже, реално, нешто што трае со милиони години, а ние имаме историја само за 3000, ама мислиме дека знаеме се. Значи, таа теорија за најспособните е небитна а најверојатно и неточна.
...Многу поверојатна ми е идејата претставена во Прометеус отколку теоријата дека сме настанати од мајмун.
Нема подокажувана теорија од Теоријата на Еволуцијата. Докази има на милиони, а тоа што тебе лично ти е поверојатно - тоа не е предмет на научна расправа. Дека нема докази за Теоријата на Еволуцијата, може да изјави само некој што не се потрудил да ги погледа доказите.
За ова може цела дискусија да се води, да видиш колку лесно ќе испадне дека воопшто не си во право. :)


таа теорија за најспособните е небитна а најверојатно и неточна, сега ќе ти докажам со еден пример. Има 1.4 милијарди роми во Индија. Се смета дека за 1 век од сега, ќе бидат 30% од планетата.  Ете го твоето најспособно население.  
Тоа не е еволуција, туку идиократија. Идиократијата е уште едно од цивилизациските „достигнувања“.
Дел од идиократијата е и замарање со работи како нејадење месо во време кога планетата почнува да пука по сите шавови од пренаселеност, презагаденост, и сето тоа додека е управувана од финансиска елита која единствено се грижи за најкраткорочни цели, како останување на власт и континуиран хедонизам. Како што кажа и Стивен Хокинс, лошо ни се пишува ако не го диверзифицираме животниот хабитат (да вклучува повеќе планети, и подобро - системи). Планетарно апокалиптични настани се случуваат редовно, гледано од аспект на планетарната историја на нашава планета.



Но ти не постави прашање, сакаш философска дискусија., добро ми се допаѓа. Ајде да пиеме домашно вино со Стратро и да зборуваме со мезе.
Од се што кажа единствено со ова се сложувам (иако мезето што иде со вино можеби нема да ти биде по кеиф).  ;D








Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Може без месо, секако. Организмот е многу малку истражен систем. Ќе се прилагоди без проблем. Дали знаеш колку проетини има во гравот? Може да пиеш млеко, сирење да јадеш, па и јајца. Ете ти протеини. Да ти покажам само пример за уфц борци со извонредна физика, шампиони, а вегани. Физички најзахтевна работа со веганство може да се помине, за останатите што да се каже.

Во врска со теориите дека сме биле исклучиво месојади некогаш. Дури и да се вистина, тоа било некогаш, кога сме биле пештерски луѓе, кои ловеле со копја, и береле бери во пролет, којзнае дали зборувале. Поминале 50 илјади години, време е за промена. Многу поштетен е вишокот на храна што се внесува од се друго во врска со исхраната. ДА повториме, нема никакви докази дали недостатокот на месо може да предизвика здравствени проблеми, како што уште нема едногласни заклучоци дали кафето е штетно.

Ја спомнуваш синтезата на ВитЦ, непотребно би рекол. Тоа со компирот не го сфаќај буквално, но вистината не е многу поразлична. Минимален внес на хранливи продукти е поздрав начин на живот според многу студии. Еден компир, два моркови, едно јаболко, една порција граф и сто грама сирење. Повеќе не ти е потребно денес ако си возрасен човек, посебно ако не рмбаш некоја тешка физичка работа.


Кога теоријата за еволуцијата и преживуњето на најспособните не работи, станува идиократија, а не реалност. Кинезите и индијците ќе владеа следните столетија, навикни се. Тоа е природниот курс на животот. Некои го викаат преживување на најспособните.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Денес без разлика дали си веган, вегетаријанец или што и да си, се е џабе, кога секој производ, месо, зеленчук, овошје, се е израснато по вештачки пат. Ја не знам како воопшто е дозволено да се произведува ГМО... Мислам дека во Русија е забрането ГМО продукти

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
ВО Русија е забрането. Во европа ќе се отворат вратите на гмо. Бајерн минхен го купи мек монсанто за 50 милијарди. Стотина милиони ќе влезат во џебовите на корумпирани европски политичари следниве години, ќе излезат студии кои ќе докажат колку се безбедни и здрави препорачливи гмо производите и дека не е хумано и всушност срамота е да не се употребуваат на целата европска почва, затоа што кога гмо е во прашање секогаш има гладни афрички деца кои и понатаму ќе бидат мртви гладни, нема доволно земја за сите, а се искористува едвај 10%, а тука на помош се и стратегиите нападни ги и антиваксерите... 3-10 години, цела европа. Никому не ме гајле за здравјето на народот, се е до лоби парите.
« Последно менување: 23 Декември 2016, 16:14:32 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Па баш поради тоа и најдобро е да си имаш една бавчичка, порачај си семки од русите и одгледувај си сам овошје и зеленчук. Само да средам со шведска пензија и ке си се вратам во некое запустено село и фармер ке си станам да живеам 100години или ако не друго нема да си умрам од рак, шеќер итн... :)


едит.
Рече ке се отворат, сега не се отворени???

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Сеуште не/ делумно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Јас мислам и кај нас фармерите веќе ги имаат сменето семињата на повеќето производи(зеленчук и овошје), демек повеќе дава плод, нормално човек ке се полаже, ама не се свесни дека тоа е се вештачко

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
А како можеме ние да знаеме дали е вештачко или природно? На изглед и двете се исти, на вкус треба да се разликуваат. Како што реков, самите фармери немаат претстава дека се ГМО, тие само знаат дека е друго семе кое дава повеќе плод, а тоа нив им е најбитно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Патишта, кога сме кај буквализам - (не)способноста за синтеза на витамин Ц ти ја покажав како доказ за теоријата на еволуцијата. Не реков дека мора да јадеш бифтек заради витамин Ц.   :D

Друга грешка, луѓето никогаш не биле исклучиво месојади. Луѓето се омнивори. Токму затоа се приспособливи кон нејадење месо, но приспособливост не значи дека нејадењето месо е најздравата можна исхрана.
Плус, кога споредуваш вегетаријанство со јадење месо - не мислиш дека е малку дволично да кажеш дека е неморално да јадеш кокошка, но во исто време е сосема морално да и го јадеш нероденото потомство (јајцата)?  ;D


ДА повториме, нема никакви докази дали недостатокот на месо може да предизвика здравствени проблеми
А каде се доказите дека јадењето месо во нормални и мали количини, може да предизвика здравствени проблеми? :)


Тие 50 илјади години кои ги спомнуваш како демек доста е, време дошло тек онака ладно со декларација да смениме исхрана, тие 50 илјади години се милисекунда во процесот на еволуција.
Погледај, и види ја димензијата - ако можеш:
http://s-media-cache-ak0.pinimg.com/originals/ab/f5/c5/abf5c57733e1941e309288009c1dd85a.jpg

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Човечкиот организам е различен, ама прилагодлив. Исхраната секаде во светот е различна. Да не збореме за ескимите што живеат на риба и некои си плодови или па за монголците што јадат живо месо. И германците(староседелци) за појадок јадат живо мелено месо на леб. А вие расправате за илјадници години како било(секој има различна гледна точка за минатото, никој не е во право), забегавте ептен со темата.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг:
« Одговори #2277 на: 23 Декември 2016, 22:38:35 pm »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7211
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
- Во кратки црти, најважна промена шо треба да ја направиме во исхраната е да се јади семе од лен(по 1-2 лажици дневно) и да се отфрлат маслата од сончоглед и заменат со маслиново масло.
Семето од лен ако не е мелено ќе дојди џабе јадењето :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Сончогледовот масло е одлично, можеби подобро и од маслиновото. Рафинирањето не чини.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need