Ихаааа, од ракав како тресете лекови и терапија. Методот на Симо е најдобар, најголем дел од капките и спрејовите за нос се на база на морска вода (физиолошки раствор), така да најприроден и наједноставен начин е да пробаш со тоа. Не ти штети да продолжиш да го пиеш антихистаминикот и секако аналгетик по потреба. Ова е наједноставно, ако не поминува отиди кај ОРЛ специјалист да ти пиште појака терапија.
За понатака направи алерготестови, уште подобро РИДА тест на имунологија да се види на што си алергичен.