Ако се држиме до фактите, 15 до 50 ден по ВТОРА доза, односно околу 100-тина дена по првично вакацинирање (односно прво запознавање со вирусната мрна, што може да се третира исто како „време на инфекција“ кај прележаните).
Нема логика во ова што го зборуваш, пошто во истражувањето од текстот прележаните од ковид ги тестирале и до 300 дена после прележување (најголем дел од 200 до 300 денови, ете ти на сликата што си ја постирал). Кога нема да земат во обзир вакви огромни разлики во поминато време, објективност е под знак прашалник.
https://media.springernature.com/full/springer-static/image/art%3A10.1038%2Fs41598-022-06629-2/MediaObjects/41598_2022_6629_Fig1_HTML.png?as=webpБ: Поврзаноста на број на антитела и имунолошкиот риспонс не е баш ко што го велиш.
Не разбираш... Се заразуваш и телото/имуниот систем произведува антитела, и потоа застанува кога вирусот ќе биде елиминиран (посложено е, симплифицирам). Едноставно се произвеле антитела толку колку треба, требало хх концентрација на антитела во титер и процесот застанал кога човекот оздравел (различно кај секој, зависно од организмот). Немало потреба од повеќе антитела.
Кај вакцинираните, концентрација на антитела зависи од количината на mRNA медиуми што се вбризгани. Ако вбризгаш многу, ќе добиеш многу антитела.
Што значи тоа за ефикасноста? Дека со прележување произведуваш толку антитела колку ти треба (за да го поебеш вирусот). И дека со вакцинирање мораат да одат со overkill концентрација на антитела, затоа што со време антителата се губат а со тоа и заштитата, и додатно си сјебан затоа што не развиваш имунитет како со прележувањето.
Со прележување патем стекнуваш и солиден имунитет - можеш потоа да произведеш нови антитела ако дојдеш во нов контакт со вирусот. Ова не значи дека луѓето треба намерно да заболуваат за да прележат, но ако веќе се деси тогаш барем имаат имунитет.
Сепак, според оваа студија „паѓа во вода“ теоријата дека „најбољи е природно стекнат имунитет“. Претходно постирав статистика, каде реинфекциите со ковид се драстично поголеми кај прележни - невакцинирани, отколку кај вакцинирани.
Фаличен е заклучокот.
Патем реинфекциите може да бидат и кај луѓе кои претходно лесно го прележале вирусот и не стекнале целосно имунитет. И/или во вториот наврат се заразиле со многу повеќе вирусни единки (на пример цел ден биле со болен, цел ден заедно во затворен простор). Итн, итн.