Работата е што зимава имавме 100% влажност на над 10 степени кои од друга страна не можеа да потикнат поинтензивна работа на грејните тела па со тоа проработеа мостовите по ѕидовите.
Иста приказна и кај мене, со години немав мувли, оваа година растурија, ем ради загревање 7 простории со 2 клими.
Во меѓувреме измачкав трпезаријата со Термостоп (ќе видиме во иднина), во спална се спремав да тртнам уште една клима, но се одлучив за изолација, навечер наместив на тајмер да пичи парно дур евтина струја па така ѕидот и подот во близина на радијаторите акумулираат од топлината, па и надворешниот воздух е посув од пред неколку недели и како резултат на сето ова нема нова појава на мувла.
Инаку сега за сега успевам да не влезам во 4 блок
Со Термостоп планирам да ги измачкам сите ѕидови, не ради друго, белата боја е бела каква што сакам, топла, А не како лед сијалица од оние модрите
Кречеше со термостоп? Или премачка па после одозгора кречеше? Колку слоја? Или како боја го искористи?
Се мислам на неколку надворешни ѕидови да ги поминам, да ги решам, при следно кречење.
Не кречев врз термостопот, самиот си е во бела боја, и тоа нијанса која повеќе ми се допаѓа од Бекамент.
Нанесов 3 слоја како што е наведено во упатството, можеби слојот е потенок бидејки употребив 3кг на нешто над 4 квадрати ѕид. Ќе го поминам уште една рака кога ќе ги работам и останатите надворешни ѕидови.
Инаку, уште при првиот слој се осети разлика, на допир делува дека е потопол и од внатрешните ѕидови.
Првите 2 раце го разредив прилично бидејки ми стоеше густо, дури со третата се охрабрив кога и ја дотрошив количината, така да реално 1кг на квадрат.