Оваа година имаме екстремно влажен воздух, се грееме со клими кои не успеваат да ги загрејат ѕидовите, слабо се вентилираат собите пошто новите прозори дихтуваат подобро
И надворешна изолација слабо ќе помогне бидејки старите куќи имаат еден куп "мостови", и дизајнирани се за греење со ќумбиња, од оние што боботат додека гори дрвото па се отвараат прозори и врати да се олади собата
Нормално, си летаа кубиците
Ќе мора и надворешна и внатрешна изолација, но и тогаш можеби едно ќе се оправи, друго ќе се поквари
И јас се борам со мувли оваа година пошто сеуште сум на клими. Минати години овој период беше поладно (и посув воздух) и се префрлував на парно, секоја соба си имаше извор на топлина, ѕидовите акумулираат и немаше влаги и мувли.