прво и основно, го разбирам сале... тие возила се на соседите... се труди од петни жили да си го одржи добро соседскиот однос... пред некој ден дискутирав за добриот однос при кој мораш да свиткаш кичма... само за кај мене беше дискусија за клиенти, а кај сале е за соседи... значи мораш со првите соседи да трпиш некоја одредена толеранција... јас не би бушел гуми, не би корнел раткапни, бришачи и таблици, не би го рокнал со греда по што таму веќе набројавте, прво и основно бидејки постои закон и тоа кривичен за се ова, а второ заради односот погоре кој го опишав...
јас би постапил на следниов начин:
на тротоарот, уз самата ивица на бетонот-ивичњакот, во широчина на влезната врата, и на едната и на другата, би вградил столбче... значи на тротоарот, не на улицата... со тоа си во одличен бенфит и тоа ем засекогаш ке го запазиш добрососедскиот однос, секогаш ке ти биде влезот слободен и никогаш нема да се нервираш со битанги, кои можеби и на гости ке дојдат па ке се паркираат... значи збориме за 4 цевки кои би имале должина од по 75 сантими... тоа се точно 3 метри. црна цевка од 1 цол (дебелина како за сообраќаен знак) кошта негде околу 500 денари. понатака ти требаат 4 плочки-фланши со димензија од 10Х10 сантими по 100 денари комад. на плочките бушиш 4 дупки по краевите, ги заваруваш на цевките и со по 4 типли и штрафови (дебели) ги фиксираш на бетонот. во целата инвестиција ( до сега се 900 денари) ке додадеш и едно половинче кило боја и една четка... значи сето тоа не е повеке од 1000 денари... ај 20 евра нека е... со 20 евра ке решиш многу проблеми... пред се своите и тоа на долгорочен период...
сум бил кај сале дома, знам како изгледа... малку е густо таму за паркирање, не само кај него туку во целото соседство... ЈБГ, така на времето било правено местото..иако е урбанизирано, сепак е доста грешно изведено...