Член 4.
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано
физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични
податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се
утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и
презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку
интернет,
или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички,
физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа
физичко лице;
Видео надзор
Член 89
(1) Одредбите од овој закон се применуваат и на обработката на личните податоци
преку вршење на видео надзор, освен ако со друг закон поинаку не е предвидено.
(2) Одредбите од овој закон не се применуваат на обработката на личните податоци
преку вршење на видео надзор од страна на физички лица
исклучиво заради активности во
домот.(3) Контролорот кој врши видео надзор е должен да истакне известување.
Известувањето мора да биде јасно, видливо и истакнато на начин што им овозможува на
субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот.
(4) Известувањето од ставот (3) на овој член содржи информација:
- дека се врши видео надзор,
- за името/називот на контролорот кој го врши видео надзорот и
- за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат
снимките од системот за видео надзор.
(5) Субјектот на лични податоци е информиран за обработката на личните податоци
согласно со членовите 17 и 18 од овој закон, ако е истакнато известување согласно со
ставовите (3) и (4) на овој член.
(6) Контролорот може да врши видео надзор само на просторот кој е доволен за
исполнување на целите за кои е поставен.
(7) Контролорот задолжително ги известува вработените за вршење на видео надзор во
службени или деловни простории.
( 8 ) Снимките направени при вршење на видео надзор се чуваат до исполнување на
целите за кои се врши, но не подолго од 30 дена, освен ако со друг закон не е предвиден
подолг рок во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и
слободите на субјектите на личните податоци во согласност со одредбите од овој закон.
(9) Во случај на поставување камери спротивно на одредбите од овој закон,
сопственикот на системот за вршење на видео надзор презема мерки за нивно
отстранување на сопствен трошок.
Член 112
(1) Глоба во износ од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
за прекршок на правно лице-контролор, ако:
1) врши видео надзор спротивно на одредбите на членот 89 од овој закон;
2) врши обработка на лични податоци преку систем за вршење на видео надзор
спротивно на одредбите на членот 90 од овој закон
(4)
Глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на физичко лице-контролор или обработувач за сторен прекршок од став (1) на
овој член.
https://dzlp.mk/sites/default/files/u4/zakon_za_zastita_na_licnite_podatoci.pdf