Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2900489 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20985 на: 26 Јануари 2021, 13:10:49 pm »
На пола зелено од Собрание према Соравија се пали црвено за оние кои доаѓаат од Црвен Крст према Собрание.

Секогаш си чекам.

едит: Пазете на циганиве по семафори.
Здрави, прави просат и кога се пали зелено се местат "као неприметно" при тргнување да ги поткачиш со ретровизор, па да офкаат после.

Отерав еден у три лепе, пошто апла беше приметно...
« Последно менување: 26 Јануари 2021, 13:20:35 pm Stratro »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20986 на: 26 Јануари 2021, 13:18:08 pm »
се прат на тошо, не е до семафорите.


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20988 на: 26 Јануари 2021, 17:00:01 pm »
@Van

вчера Слободен печат:

Не сте во можност да докажувате дека не сте ги повредиле, а не ви вреди ниту да имате безбедносна камера во возилото, бидејќи полицијата не ја зема предвид како доказ.

денес Слободен печат:

Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата

Сосема истиот текст како од Регион, ни извор, ни бутур.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20989 на: 26 Јануари 2021, 17:12:59 pm »
A stvarno so snimka od kola mozes li barem da si se spasish od vakvi budali

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20990 на: 26 Јануари 2021, 17:17:46 pm »
Me нервираат вакви написи, без никави линкови за извори.

https://region.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BE-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%B2?fbclid=IwAR0G8tDKKOf350t3_5nnGy7ehfoXBGAp05yxj87AxiNxHKvm6QGy-IuLgVY

2000 пати го имаат пишано новинариве истово во последниве 2 години. Не постои таков закон. Постои член кој гласи дека МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај. Ништо друго.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20991 на: 26 Јануари 2021, 17:26:00 pm »
Какви се не глупости нема да прочиташ, сигурно некој кретен сака да се прави паметен и да заебава луѓе со ова. Какво снимање од паркинг камера, што тресат глупости.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20992 на: 26 Јануари 2021, 17:38:30 pm »
Враќаш на рикверц да се паркираш, поминува некој позади тебе, го снимаш, оп 400 евриќи на трезорска сметка. Кој апсурд човече.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20993 на: 26 Јануари 2021, 17:57:34 pm »
А тие што имаат 360 поглед при паркирање, со 4 камери, ќе треба 4 x 400 евра да платат или само 400  ;)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20994 на: 27 Јануари 2021, 02:01:24 am »
Не сте во можност да докажувате дека не сте ги повредиле

А исто така и тие не би требало да бидат во можност да докажат дека сум ги повредил откако навистина ќе ги повредам, не? :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20995 на: 27 Јануари 2021, 08:51:41 am »
Sme kako ne sme,  zatoa ima sudski veshtak, ako e smeta deka e povreden kje si ode kaj nego ama nema da ima sho da konstatira od povredi,  plus se plakja 2500 denari za sekoja od povredite poedinechno ako sakas da ti bidi vpishana vo zapisnik za na sud, pa posle  te te pusti na privatna tuzba na sud  sho ako e nekoe bezvezie ke ja padnat,  ili mojs reverse psychology ti da mu naprajs kako vo Fight Club, zemi akni ja glata od volan dva tri pati  izvadi lekarsko i tuzi gi gjubrinjata za napad :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20996 на: 27 Јануари 2021, 12:10:58 pm »
2000 пати го имаат пишано новинариве истово во последниве 2 години. Не постои таков закон. Постои член кој гласи дека МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај. Ништо друго.
Сосема истиот текст како од Регион, ни извор, ни бутур.

На времето кога листав закони за поставување камерче пред врата, како да ми текнува дека имаше ставка која кажувеше дека е забрането да се снимаат јавни и туѓи површини... И тоа е глупо (за јавните површини), но следствено според тоа излегува дека нелегално е и со мобилен телефон кога се снимаш во х прилики? Нонсенс е, и тоа а исто и за дешкемови по аутата. Секаде во свет се легални, по која логика овде не би биле?

Мислам дека од тие закони за камери по објекти (кои ги препишал некој полуписмен), дека ги изведуваат заклучоците и за камериве за во кола. Нема врска, се разбира... Ама кој може да биде сигурен дека утре некој џандар нема да „ситничари“ за 400 евра.

На страна што е ретардирано да се судиш со циганот кој ти наместил демек судир. Теоретски да се влечеш по судови со негов збор против твој, а имаш јасна снимка со добра камера... Мислам дека само ќе направат да има чести „кражби“ на телефони, или „хакирања“ на акаунти, па ќе си излегуваат снимки на јутјуб и фејсбук.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20997 на: 27 Јануари 2021, 12:29:33 pm »
Член 4.

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано
физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични
податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се
утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и
презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку
интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички,
физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа
физичко лице
;


Видео надзор

Член 89
(1) Одредбите од овој закон се применуваат и на обработката на личните податоци
преку вршење на видео надзор, освен ако со друг закон поинаку не е предвидено.
(2) Одредбите од овој закон не се применуваат на обработката на личните податоци
преку вршење на видео надзор од страна на физички лица исклучиво заради активности во
домот.

(3) Контролорот кој врши видео надзор е должен да истакне известување.
Известувањето мора да биде јасно, видливо и истакнато на начин што им овозможува на
субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот.
(4) Известувањето од ставот (3) на овој член содржи информација:
- дека се врши видео надзор,
- за името/називот на контролорот кој го врши видео надзорот и
- за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат
снимките од системот за видео надзор.
(5) Субјектот на лични податоци е информиран за обработката на личните податоци
согласно со членовите 17 и 18 од овој закон, ако е истакнато известување согласно со
ставовите (3) и (4) на овој член.
(6) Контролорот може да врши видео надзор само на просторот кој е доволен за
исполнување на целите за кои е поставен.
(7) Контролорот задолжително ги известува вработените за вршење на видео надзор во
службени или деловни простории.
( 8 ) Снимките направени при вршење на видео надзор се чуваат до исполнување на
целите за кои се врши, но не подолго од 30 дена, освен ако со друг закон не е предвиден
подолг рок во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и
слободите на субјектите на личните податоци во согласност со одредбите од овој закон.
(9) Во случај на поставување камери спротивно на одредбите од овој закон,
сопственикот на системот за вршење на видео надзор презема мерки за нивно
отстранување на сопствен трошок.



Член 112
(1) Глоба во износ од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
за прекршок на правно лице-контролор, ако:
1) врши видео надзор спротивно на одредбите на членот 89 од овој закон;
2) врши обработка на лични податоци преку систем за вршење на видео надзор
спротивно на одредбите на членот 90 од овој закон

(4) Глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на физичко лице-контролор или обработувач за сторен прекршок од став (1) на
овој член
.

https://dzlp.mk/sites/default/files/u4/zakon_za_zastita_na_licnite_podatoci.pdf



Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20998 на: 27 Јануари 2021, 12:43:48 pm »
Член 4.

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано
физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични
податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се
утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и
презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку
интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички,
физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа
физичко лице
;


Среќа не можам да идентификувам никој што го снимам така да среден сум :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20999 на: 27 Јануари 2021, 12:56:32 pm »
Нормално, снимаш автомобил а не физичко лице.