1. Неупотребувањето жмигавци, мада и ја сум за ова крив од време на време.
2. Недостатокот на добра волја во сообраќајот. Секогаш кога треба да се вклучам во некоја улица, недај боже некој да подзастане и да ме пушти.
3. Силеџии што се обидуваат да се бутнат пред мене. Ако ме замолиш да те пуштам со свиркање и културен гест, ќе те пуштам. Ако се силиш, нема.
4. Пешаци што ќе ја пројдат Партизанска на некое чудно место, па после тоа одат по 15цм работ на тие глупите жардињери.
5. Заборавени долги светла.
6. Луѓе што возат точак на улица иако си има лента за точаци.
7. Кога некој ќе ми се паркира пред куќа на моето место, ама со идиотското паркирање ќе ми го блокира и влезот во двор.
8. „Паркирање“.
9. Кљанкорење во лева лента во град.
10. Општо кљанкорење на автопат.
11. Некој што вози на две ленти одеднаш.
12. Непотребно држење кочница додека колата стои. На тој позади му блешти во глава уште 15 минути после тоа.
13. Истата работа со жмигавец додека колата е во лента за лево. Нема потреба, само му жмига на тој позади уште 15 минути во глава.
14. Не-наштелувани фарови.
15. Цркнала сијалица за фар. Ќе возиме низ град со пуштени дугачки! Јухуууу!
16. 99% од таксистите што се понашаат ко да го ослободиле Скопје сосе приградски населби. Таксист е дијагноза, не е занимање. (Чест на исклучоците).
17. Влечење на семафор. Нема оправдување, особено на семафори со тајмер.
18. Сигурно ќе ми текне уште нешто.