Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2631928 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
1. Таксисти
2. Луѓе престоени за лево а шибаат право
3. Нервозни возачи
4. Млитави возачи
5. Нерешителни пешаци
6. Повеќето жени возачи.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
1. Неупотреба на жмигавци. Било за вртење, престројување, застанување, тргнување од паркинг итн....
2. Глумење лудило, правење паметни. Покрај тоа што прават прекршок се прават на 3 и пол и се курчат.
3. СВИРЕЊЕ, за се и сешто. Овде во Скопје како свирката да е првата работа што треба да ја стисниш кога тргнуваш. И после тоа на секој 2-3 мин уште еднаш стискај, за да не зарѓа. Не џабе има виц: Што е милисекунда? Времтраењето од светнување на зелено на семафор, додека ти свирни тој позади тебе.
4. Курчење. Дека имал појака кола или некој СУВ. Мора тој да прелета преку сите.
5. Ксенон на се и сешто.

Друго ако ми текни, ќе надополнам.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Што и да ве нервира, ги нервира и другите...Немојте да се курчите зошто не знаете каква будала седи зад воланот...Какво време е дојдено, ке ви излезе некој со пиштол, ке ве изрешета како сито за ситно брашно, ке си замине и после чудете се што ве снашло...Ако преживеете...
И мене еден така паметен ми се правеше, сакаше да ми се набута од страна, но не успеа, па на семафори силен и он и тие со него, ке се тепа...Па коа му излегов, па коа му се сипав но со викање што прави, си виде дека изел лајна на празно и почна да се извинува за да не биде затепан...Но нормално, од затепување и такви срања нема потреба, пошто како што реков, незнаеш какви не будали нема по скопјево...

И таксистите знаат највише од сите да нервираат. Но тоа не е до нив...Тоа е до органите задолжени за правила во сообраќајот...Нека им репнуваат секојдневно казни за застанување кај стигнат, непрописно паркирање и тн итн, па ке видиш како ке бидат фини и културни во сообраќајот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
1. Простување на грешките на бенефицирани лица.

2. Види 1.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Пред се и над се, ме нервира поминување на црвено светло(редовно си кочам на жолто, да не речам не додавам гас кога ќе видам раскрсница), насилници со Мерцедеси и БМВ-а кои ти се пикаат од секаде(ми е гајле ионака мојот лим е подебел од неговиот), а за крај паркирани СУВ пола во тревата пола на улицата( редовно коментирам дека учел да вози на трактор на нива а таму не е битно каде ќе го паркираш)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Да надополнам, кога ке се најде некој паметен да застанане на сред улица, да може жена му баш пред бутикот да излезе, и иако е улица со две траки, целата десна трака е полна со паркирани возила, кои непрописно дива лига посебно кај Џамијата, кои прописно кои заради обележаните паркинг места ...
Да, кумановскиот селоначалник све живо претвори во паркинг простор низ Куманово ...

Koга ке се најде уште некој паметен да тргне во еднонасочна уличка, и очекува од тебе, кој се движиш во правилна насока, да тргнеш назад само затоа што он поминал 3/4 од улицата...

Порано, посебно ме нервираа оние кога ке пробаш да ги поминеш(астра кога возев 1.4), он уште толку дава гас ...

Е сега им набивам страшен комплекс...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Секојдневно се сретнуваме со овакви примери. Земете камерите и снимајте.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
И што ако снимаме? :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Ќе си отвориме наше „Богати и славни“ како во он.нет.мк.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
1.Vespi i skuteri za koi ne postoi ni semafor, ni lenta za vozenje , ni zmigavec...pogotovo koga mi se pikaat napred niz igleni ushi na crven semafor..kaj i da e eden den ke im otvoram vrata.
2.Peshaci koi pominuvaat 3 lenti od bulevar na crveno, a dzandari 50 m podole te cekaat tebe da te prasaat dali nosis lanci na soncevo nadvor.
3.Spori i izgubeni vozaci niz Skopje ( citaj zeni i emigranti).
4.Eden keljav fakman vo crven Civik 1.8 hatch za koj bolje da ne go nacekam sam u kola niz grad..

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Се од погоре изкажаното со посебено значење на СВИРЕЊЕ за се и сешто, а најмногу ме нервира кога свират а знаат дека се е закрчено.

А да, и кога некој на 2 ленти сообраќајница, кадешто десната лента е за право и вртење десно (со дополнително зелено светло) и некој ми застане и ги кочи тие што сакаат да вртат десно (пример на раскрсницата после кружниот тек, за десно кај Рузвелтова)
И посебен поздрав до идиотите што го поставиле семафорот  одма после зоолошка, па и тој после него, сигурно можеле кружен и овде да направат

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
2 семафори без да се мисли може да ги тргнат на Илинденска. А ко што гледам во последн време некој се им ги исклучува семафорите :D Поготово навечер ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Кога ја направија со 9 семафори обилно размислував да ги пресечам... Ама и оние за пешаци, кај што пешак нема пројдено од '41ва... Па и семафор на секое помало уличе.

Абе да се немало ГРАМ размислување и логика. Грам. Требаше пола од малите улички да немаат излез на илинденска. Да ги затворат. Како што се прави секаде, Партизанска на пример. Неможе јас од дома гаражата да ми искача на Илинденска и семафор да турат за мене...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
И што ако снимаме? :)

За подобра илустрација на темата.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Требаше кај што има пешачки да се стави семафори кои се вклучуваат со копче, при потреба, пола ќе ги скинеа така, многу по практично е. Башка не те држат многу.

Дени уличките не им се фрка, они викаат дека има толку семафори поради спречување на брзо возење и безбедност на пешаците.