Од кога почнав да спијам на Дормео, на ниту еден друг душек не можам да се спијам без сабајле да ме боли кичма, ниту пак на друг душек можам да се наспијам ко чоек.
Притоа, користам тврди душеци, значи без „мемори“ пена и мемори шлаг. Велат дека тврдиот душек е многу поздрав за спиење.
Сите кревети ми се опремени со Дормео душеци, па му купив и на малиот дури беше бебе, мини душече 90x60. А сега спие на 190x90. Со други зборови најтопло го препорачувам на сите.
Оние кои сакаат душек со мемори пена нека го прескокнат Дормео, има многу подобри душеци, само не ми текнува името на брендот. Германски беа и имаат 3 пати повеќе мемори пена одошто Дормео. Само беа и доста поскапи. Што се однесува до Дормео, воопшто не е скап. Последно што пазарев беше во Декември пред да се вселам во новиот дом, 180x200 и 2x 190x90 ги платив околу 600 евра што е маргинално поскапо(20-30%) во однос наникаквите душеци (да речеме од Симпо), а разликата во спиење е светлосни години.
јас се мислам за мемори перницата(со мемори пена),користи ли некој таква перница?
Користам. Во принцип не е ништо подобра од убава перница со гускини пердуви.