Тоа црево што ти е заокружено и најдолу на ладникот има уште едно дебело,ако двете се загреваат исто,тогаш имаш расипан отворен термостат.Значи дека водата цело време врти низ ладник.Исто така гледај каде имаш потенко црево кое оди во внатрешноста,во кабината,тоа ти е црево за парното,ако сите црева загреваат исто,дефинитивно имаш расипан термостат,ако термостатот ти е во ред,тенкото црево кое оди во кабината за парното загрева а тие се ладни,и откако стрелката за температура наближи близу работна температура почнат и другите дебелите црева да загреваат системот за ладење ти е во ред.
Ова црево треба да е за парното,гледам горе има и за испуштање на воздух.Тоа црево треба прво да почни да загрева,од таму водата оди во ладникот,и од долната страна на ладникот црево од кое водата оди во пумпата за вода па во моторот.Долното црево треба да остани ладно се додека температурата не ти покажи близу работна температура на моторот.