Тука некој меша баби и жаби, ова долу е термостат и служи за да ја регулира температурата на течноста за ладење во моторот со тоа што го затвора кругот на вртење на течноста кон ладилникот. Неговата функција не е за да ја кулучува перката што е поставена на ладилникот
А ова на втората слика е термо прекинувач на кој што задача му е да ја вклучи перката на ладилникот кога температурата на водата ќе надмине вообичаено околу 93 степени (кај различни производители ова варира со некој степен) така да ако ти е исправен термостатот перката и на 2ра брзина да работи нонстоп возилото треба да одржува работна температура
Е сеа да преминеме на проблемот, за да одредиш до што е проблемот ќе видиш дали возилото има достигнато работна температура и дали цревата кај моторот се топли, ако не достигнало работна температура ќе го решаваш проблемот со нов термостат.
Доколку има постигнато работна температура ќе ги лоцираш двете црева кои што влегуваат кон кабина во радиаторчето за парното ги откачуваш нив ставаш црево со вода кое ќе течи во обратна насока со посилен млаз, ако се затне пак ја повторуваш процедурата , на видеото подолу можеш да видиш како тоа изгледа