Автор Тема: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V  (Прочитано 8636 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« на: 08 Февруари 2012, 15:38:07 pm »
Дали некој има некакво знаење што би можел да е проблемот кај Корса Б 1.2 15в, што не и работи греењето?

Што треба да провери корисникот?

Дали има некој дијаграм за течењето на водата кај ова возило?

Секаква помош е добредојдена. :)


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #1 на: 08 Февруари 2012, 15:50:21 pm »
Термостатот,казанчето за парното
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #2 на: 08 Февруари 2012, 15:51:47 pm »
Каде е тоа казанче за парното? Какво казанче? Термостатот за водата во моторот или за парното има посебно?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #3 на: 08 Февруари 2012, 15:59:27 pm »
Каде е тоа казанче за парното? Какво казанче? Термостатот за водата во моторот или за парното има посебно?
Дени,термостатот ја регулира температурата на водата/антифризот во моторот,тој ја уклучува перката...Ако му е расипан(заглавен,да не отвора и да не затвора) нема да има парно,односно не ја врти водата низ казанчето за парното...А казанчето (би) требало да се наоѓа во маската,кај мене на Реното е така,можиш да провериш во темата за моето Рено како јас го решив проблемот...Не дај боже да е затнато тоа,многу мака ке види да го извади...А вода/антифриз му губи или?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #4 на: 08 Февруари 2012, 18:41:33 pm »
Провери си го термостатот,ако е отворен цело време значи дека водата низ ладникот ја врти цело време и не загрева моторот.Него можеш да го провери на следниот начин,ја палиш колата и ја оставаш да работе,ги допираш цревата за вода,односно цревото од кое излегува водата од блокот и цревото кое оде до ладникот,најдолу што е.Ако цревото од кое излегува водата од блокот загрева паралелно со цревото кое оди во ладникот значи имаш расипан термостат,отворен.Ако цревото од блокот загрева а она од ладникот останува ладно тогаш термостатот ти е во ред и ти е зае-ано казанчто за парно,запушено.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #5 на: 08 Февруари 2012, 18:48:07 pm »
Каде е тоа казанче за парното? Какво казанче? Термостатот за водата во моторот или за парното има посебно?
Дени,термостатот ја регулира температурата на водата/антифризот во моторот,тој ја уклучува перката...Ако му е расипан(заглавен,да не отвора и да не затвора) нема да има парно,односно не ја врти водата низ казанчето за парното...А казанчето (би) требало да се наоѓа во маската,кај мене на Реното е така,можиш да провериш во темата за моето Рено како јас го решив проблемот...Не дај боже да е затнато тоа,многу мака ке види да го извади...А вода/антифриз му губи или?

Прво термостатот не ги вклучува перките,туку термопрекидачот,термостатот само отвора и затвора довод на вода во големиот ладник,на кој се наоѓа термопрекидач кој ја вклучува перката.

Второ водата во ладникот за парно врти цело време,нема врска термостатот,термостатот регулира само довод на вода во големиот ладник.

Исправен систем заладење функционира на тој начин што кога ја палиш колата термостато е затворен и водата врти само низ блокот и низ парното,кога водата ќе загрее на температура на кој термостатот отвора,истиот ке се отвори и ке почне да ја врти водата и низ ладникот отрпилика на околу 85-90С е целосно отворен(зависи од термостатот),ако водата продолжи да се загрева се вклучува перката побудена од термопрекидачот,кој кај мене е прва брзина се вклучува на 97С,а втора брзина на 102С.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #6 на: 08 Февруари 2012, 19:03:43 pm »
Дени како што викаат сите , видете прво со термостатот, и јас го имав истиот проблем до саботата. колата многу тешко загреваше а со тоа немаше или имаше млако парно,го сменив и сега е сауна внатре после кратко време.
Ако колата тешко загрева, или пак загрева само ако многу ја гњавиш низ гужви и тогаш има парно тогаш дефинитивно е до термостатот.
И на крај, знаеш кај е Маршер, тркни до кај него.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #7 на: 08 Февруари 2012, 19:05:04 pm »
Тука некој меша баби и жаби, ова долу е термостат и служи за да ја регулира температурата на течноста за ладење во моторот со тоа што го затвора кругот на вртење на течноста кон ладилникот. Неговата функција не е за да ја кулучува перката што е поставена на ладилникот


А ова на втората слика е термо прекинувач на кој што задача му е да ја вклучи перката на ладилникот кога температурата на водата ќе надмине вообичаено околу 93 степени (кај различни производители ова варира со некој степен) така да ако ти е исправен термостатот перката и на 2ра брзина да работи нонстоп возилото треба да одржува работна температура



Е сеа да преминеме на проблемот, за да одредиш до што е проблемот ќе видиш дали возилото има достигнато работна температура и дали цревата кај моторот се топли, ако не достигнало работна температура ќе го решаваш проблемот со нов термостат.
Доколку има постигнато работна температура ќе ги лоцираш двете црева кои што влегуваат кон кабина во радиаторчето за парното ги откачуваш нив ставаш црево со вода кое ќе течи во обратна насока со посилен млаз, ако се затне пак ја повторуваш процедурата , на видеото подолу можеш да видиш како тоа изгледа


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #8 на: 08 Февруари 2012, 19:29:53 pm »
Набрзина кажано се збунив со термостатот и термопрекидачот...али во глобала е јасно,каде да го бара проблемот ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #9 на: 08 Февруари 2012, 19:33:52 pm »
Дали некој има некакво знаење што би можел да е проблемот кај Корса Б 1.2 15в, што не и работи греењето?

Што треба да провери корисникот?

Дали има некој дијаграм за течењето на водата кај ова возило?

Секаква помош е добредојдена. :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Дени, што се деси со 16 - от вентил ? ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #10 на: 08 Февруари 2012, 23:17:52 pm »
Нема 16ти... 15 се. 3 пати ги пребројав.




















А уопште не приметив, дур не спомна!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2012, 14:46:45 pm »
Сменет е термостатот лани, а вентилаторот за ладење се пали како што треба.

Дува малце млакичко ако го оставиш, ама не е топло?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2012, 16:12:51 pm »
Дени тоа што е сменет лани не значи дека е исправен...Ако е исправен,тогаш можно е казанчето за парното да му е затнато,во тој случај нека го извади казанчето и нека го испери на перална,под силен млаз вода
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #13 на: 09 Февруари 2012, 16:28:03 pm »
Дени тоа што е сменет лани не значи дека е исправен...Ако е исправен,тогаш можно е казанчето за парното да му е затнато,во тој случај нека го извади казанчето и нека го испери на перална,под силен млаз вода
Па тоа и јас мислев, а и тој... Ама се надевав дека може да е нешто друго попросто. :) Тоа ќе биде крајниот резултат.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со греењето кај Корса Б 1.2 16V
« Одговори #14 на: 09 Февруари 2012, 16:29:22 pm »
Ако е колата возена на вода(некогаш) тогаш сигурно е казанчето
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D