Техничари, имам еден проблем со лаптоп.
Уште од пред 2 години почна така да прави, кога не е на полнач, да работам на него 1-2 часа, рандом се исклучува, како напон да снемува. Кога е на полнач не се исклучува. Вчера го користев подолго време и два пати се исклучи. Кога ќе го уклучам си продолжува да работи нормално. Температурата е нормална за тој процесор (i5-7200u). Батеријата е добра, си држи најнормално, најверојатно некаде во друга компонента има проблем, хард дискот е скоро нов, ама и со стариот така правеше. Внатре е чистен, така направи и после чистењето. Сите компоненти кои можев да ги проверам јас со моето познавање е во ред, софтверски не е, бидејќи ми е скроз расчепкан. Што може да биде?