Од фабрика фејслифтот има разни варијанти на суспензија: нормална, спортска и комфорт. Пред фл, има само нормална и спортска. Зависно од верзијата, така и хендла.
Исто, битно е центрирањето, мала дискрепанца во однос на параметрите, може да направи да хендла како кочија (поготово задниот трап ако не е подесен добро).
Секако зборуваме за убаво стегнато подвозје, што не е така лесно на старкиве од 2000-2007 (сепак се преку 10 години).
Моето искуство е дека 147 вози доста подобро од просекот за таа генерација (ауди3/голф 4, астра г, пежолци цитроени, фијати ич да не ги зборам...)
За крцкањата ете, и тука се погодила мојана да не крцка, за малце побучното подвозје и мотор, тука немам коментар, само пуштам погласно малце радио и тоа е тоа.
Како и да е, навикнав да слушам „свртев ја едно крукче со на џоле алфата, и тапа беше... Од тие причини и стои тоа доле во потписот мој