Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 621609 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #945 на: 13 Јануари 2014, 11:18:02 am »
Зеро, тоа ти е сите сме различни. Различни луѓе, различни гледишта и потреби. Токму тука е вистината во тоа дека највисока можна резолуција НЕ Е исклучива и најважна работа кај еден телевизор.
Но за жал баш резолуцијата е најупотребувана маркетиншка мамка на индустријата, а со тоа и на продавачите.


Колку поголема херцажа толку подобра слика.

Уф, тек ова колку не е така... ова важеше и тоа само делумно во времето на црт телевизори/монитори (дури и кај нив имаше една горна граница на рефреш - околу 75 Hz - која ако ја надминеш не добиваш видливо постабилна слика, туку само по заматени пиксели) но кај модерниве флет панели? Скоро ирелевантно. Особено кај ЛЦД е перфектно небитно.
Ако ситничариме (а темава е измислена за ситничарење), висока „херцажа„ може да ти се најде ако некојаш сакаш да користиш систем за 3D со активни наочари (наочарите прават затемнување на едното око, па на другото, и така се постигнува стереоскопија). Пошто во тој случај треба дупло повисок ривреш рејт, требаат 120Hz за да може да се гледа на 60Hz (наизменично по една слика за секое око).
Со важна напомена дека искуствата од нет велат дека активните наочари често прават замор и главоболки. Плус принципот на работа прави 50% затемнување на сликата, и за добро доживување треба телевизор со исклучително висок контраст и јак опсег на осветлување и сатурација.
« Последно менување: 13 Јануари 2014, 11:30:26 am Van »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #946 на: 13 Јануари 2014, 11:32:26 am »
Зеро, тоа ти е сите сме различни. Различни луѓе, различни гледишта и потреби. Токму тука е вистината во тоа дека највисока можна резолуција НЕ Е исклучива и најважна работа кај еден телевизор.
Но за жал баш резолуцијата е најупотребувана маркетиншка мамка на индустријата, а со тоа и на продавачите.


Колку поголема херцажа толку подобра слика.

Уф, тек ова колку не е така... ова важеше и тоа само делумно во времето на црт телевизори/монитори (дури и кај нив имаше една горна граница на рефреш - околу 75 Hz - која ако ја надминеш не добиваш видливо постабилна слика, туку само по заматени пиксели) но кај модерниве флет панели? Скоро ирелевантно. Особено кај ЛЦД е перфектно небитно.
Ако ситничариме (а темава е измислена за ситничарење), висока „херцажа„ може да ти се најде ако некојаш сакаш да користиш систем за 3D со активни наочари (наочарите прават затемнување на едното око, па на другото, и така се постигнува стереоскопија). Пошто во тој случај треба дупло повисок ривреш рејт, требаат 120Hz за да може да се гледа на 60Hz (наизменично по една слика за секое око).
Со важна напомена дека искутвата од нет велат дека активните наочари често прават замор и главоболки.

Апсолутно точно. Затоа и не сакам 3Д телевизор, но тоа е индивидуално, како што кажа. Имав прилика да гледам добри 15 минути после кој цел ден ми се чинеше како да имам товар на очиве и бев заморен. Се е ствар на навика, но за мене ова не беше пријатно искуство...
Сепак сум за класика без наочари и слични додатоци.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #947 на: 13 Јануари 2014, 12:08:49 pm »
Апсолутно точно. Затоа и не сакам 3Д телевизор, но тоа е индивидуално, како што кажа. Имав прилика да гледам добри 15 минути после кој цел ден ми се чинеше како да имам товар на очиве и бев заморен. Се е ствар на навика, но за мене ова не беше пријатно искуство...
Сепак сум за класика без наочари и слични додатоци.
Технологиите со пасивни наочари се различни, работат на некој принцип на синхронизација на различните слики за двете очи (преку циркуларно поларизирање), и секое стакло блокира една од сликите. Ни од блиску не замараат како системите со активните наочари. Пример ти е 3D-то во Синеплекс кај нас (RealD), мене не ме замара ич, ниту било кој друг не сум слушнал дека имал проблеми (иако на нет велат дека епилептичари и други имаат проблеми и со ова).

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #948 на: 13 Јануари 2014, 13:02:35 pm »
Со активните наочари и јас сум имал проблем, а за херцажата пишав така зашто со свои очи се уверив за разликата на сликата од 100, 400 и 1000 херци. Сите телевизори беа еден до друг иста марка (Самсунг) ама различна херцажа. Разликата беше небо-земја.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #949 на: 13 Јануари 2014, 13:04:07 pm »
Со активните наочари и јас сум имал проблем, а за херцажата пишав така зашто со свои очи се уверив за разликата на сликата од 100, 400 и 1000 херци. Сите телевизори беа еден до друг иста марка (Самсунг) ама различна херцажа. Разликата беше небо-земја.

Што точно беше разликата? Дали би можел да ја опишеш без преносно значење и епитети?

Дали контрастот беше подобар?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #950 на: 13 Јануари 2014, 13:10:50 pm »
Уф... општо цела слика беше подобра, посветла, подетална... Тешко е да се опише, само што ги уклучи телевизорите одма се примети разликата и тоа голема барем за мои очи.
Оди во Сет на стадион, и кажи им да ти пуштат Самсунг со 400 херци и Самсунг со 1000 херци, еден до друг ги држат. :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #951 на: 13 Јануари 2014, 13:54:34 pm »
Над 100Hz се е бадијала. Па и над 50Hz. Тоа важеше во времето на CRT кога се приметуваше треперење на сликата заради точката која исцртува. Таму имаше логика 80Hz, 120Hz, 200Hz - се приметуваше разлика. Екстремно мала, но се приметуваше. Принципот на работа налагаше.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #952 на: 13 Јануари 2014, 14:46:29 pm »
Над 100Hz се е бадијала. Па и над 50Hz. Тоа важеше во времето на CRT кога се приметуваше треперење на сликата заради точката која исцртува. Таму имаше логика 80Hz, 120Hz, 200Hz - се приметуваше разлика. Екстремно мала, но се приметуваше. Принципот на работа налагаше.

Џабе и 1000 Hz цената е муабетот..

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #953 на: 13 Јануари 2014, 14:50:10 pm »
http://www.digitaltrends.com/home-theater/720p-vs-1080p-can-you-tell-the-difference-between-hdtv-resolutions/

Цитат: Dave 1080p guy
This is the type of thing someone who has bought a 720p plasma TV says. “blacks are more important than resolution”, you are just trying to justify buying out of date technology to yourself.1080p is clearly better at screen sizes of 40in and above...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сериозно?
Сега почињаме да цитираме коментари од рандом ликови, од под колумните... демек се дел од самите колумни, новинарски мислења? Овој Dave 1080p guy сигурно e добар познавач (посебно судејќи спореди никот), сигурен си дека не си постирал ти па си заборавил?  ;)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #954 на: 13 Јануари 2014, 14:58:13 pm »
Сакаш да кажеш дека сликите за споредба не се вистинити?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #955 на: 13 Јануари 2014, 15:01:43 pm »
Не се

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #956 на: 13 Јануари 2014, 15:03:48 pm »
Ајде развлечи 480п слика на 4к и постирај ја тука :).

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #957 на: 13 Јануари 2014, 15:11:42 pm »
Секој ден гледам 480p видеа и не изгледат како што е покажано на сликата.

Ако сакаш вистинска споредба, треба секоја од сликите да биде во резолуцијата која ја претставува, а не како онде, 480p а сликата е во висина 1000 пиксели. Па ја шмрљале во фотошоп, чуда правеле. И во иста големина поле ја постира истата слика само во оригинал и става пред неа дека тоа било во 4К

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #958 на: 13 Јануари 2014, 15:15:12 pm »
Ајде Васил, пали тоа 4К мониторот и кажи ни ја разликата... Oh wait! ;)
Но сепак fear not, можеби DarthJe5us има 4К монитор/телевизор па ќе ни каже!  :)

Сериозно што е следно, ќе сликаш дел од платното во кино од Синеплекс, за да видиме како сликата изгледа од еден метар?


Штета е што се пишуваат добри информации тука, ама изгледа ретко кој ги чита:
Само ќе го повторам фактот, дека резолуцијата е само еден параметар во квалитетот на филмското доживување на гледачот. Во одредени ситуации (дистанци всушност), не е ни параметар. Други работи се многу поважни.

Во современото дигитално доба, пикселската резолуција како сува бројка е дефинитивно маркетиншки нај „злоупотребуваниот“ технички податок. И кај телевизори, и кај фотоапарати и кај оу мај год аудиото. Доколку е постигнат некој технички минимум, нагоре резолуцијата не е ниту приближно толку важна колку што му се презентира на неукиот ојле-дојле. Резолуцијата е - можам слободно да кажам - еден од помалку битните технички податоци.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #959 на: 13 Јануари 2014, 15:27:01 pm »
1080п е технички минимум за 50 инчи телевизор кој ќе се гледа од 2-3 метри далечина. Нема потреба од поголема резолуција во тие услови.