Кога дискутираме на тема, кој е рифрешот на мојот телевизор, вообичаено е да се каже дека телевизорот е 100, 200, итн, 600 Hz.
Но всушност што претставува освежување на сликата од 600Hz кај плазма телевизорите?
Овој рифреш на плазма телевизорите не може да се поистоветува со оној кај ЛЦД телевизорите.
Ова е всушност комплексна тема и за да се разбере во детали ке треба многу знаење, многу теорија и многу прераскажување. На кратко ке се потрудам да објаснам што всушност е ова освежување, како се добива, секако во тоа ке ми помогне гугл и одредена литература, слики превземени од неколку странски веб страници. За да го објаснам ова, ке се потрудам на кратко и да го опишам изгледот и изработката на плазма панелот, со цел за подобро разбирање.
Како и сите модерни телевизори, плазмата има повеќе од 2 милиони пиксели на панелот за резолуција од 1920х1080, односно 700 и кусур илјади кај оние постари панели кои се со резолуција 1024х768. Секој од тие пиксели посебно е составен од 3 подпиксели (sub pixel) кои посебно ги прикажуваат црвената, зелената и плавата боја, односно тоа би изгледало овака кога би се доближиле блиску на некој цм од панелот:

Ова е веќе познато за сите оние кои имаат основни познавања од РТВ техниката, но сепак да кажеме и за оние кои не знаат.
Ова е класичен распоред на подпикселите, постојат и други варијанти, кај Самсунг панелите, но тоа е друга тема.
Доколку сите три подпиксели се осветлени, ке гледаме бела боја...Во зависност од тоа кој пиксел ке свети ке се гледаат различни бои, односно слика кога има микс на осветлување на секој пиксел посебно. Практично секој пиксел дава светлина со побуда на фосфорот кој дава соодветна боја.
Ова е комплексен начин за добивање на сликата. Но секој пиксел има состојба на нула и единица, односно исклучено и вклучено т.е. добивање на црна или бела светлина боја. Но добивање портокалова, розева, виолетова е комплексна работа, и се нарекува "pulse-width modulation,". Комплексноста во добивањето е тоа што имаме различна состојба на пикселот во многу кратко време.
На пример оваа состојба може на едноставен начин да се прикаже со вклучување и исклучување на светлината во собата, со една светилка...Состојба на on/off со цел да се створи еден визуелен ефект.

Практично на овој начин работи и плазма панелот. Практично добивањето на сенки на сиво се добиваат со различно времетраење на состојба вклучено / исклучено на пикселите. Бидејќи нашиот систем е 50 Hz, следствено на тоа во 1 секунда се прикажуваат 50 слики, во еден циклус, значи дека состојбата на пикселите се менува многу брзо. За секој фрејм поединечно, низ години плазма телевизорите имаа осум промени на состојбата на пикселот, што во превод би било 400 Hz, односно 400 промени на состојба на еден пиксел во една секунда за 50 слики. Во земјите каде што стандардот е 60 Hz, тоа би значело 480 Hz. Денес сите модерни панели се изработуваат со пиксели кои имаат можност состојбата на секој пиксел да ја менуваат 10 пати за еден фрејм, односно за една рамка, Што во превод би му дошло 500 Hz за нашиот систем или 600 Hz за другите стандарди.
Со тоа се добива многу поквалитетен приказ, пореални бои, пооштра и пореалистична слика.
Еве една разложена рамка, фрејм, составена од 10 потемни слики добиени од секоја состојба на пикселите, која понатаму ке креира нормална слика:

Доколку сакаме да направиме споредба со ЛЦД-ата и со нивниот рифреш, односно освежување на слика, таму случајот е малку поразличен. Зошто? Затоа што ЛЦД панелите имаат таканаречен "motion blur" , koj не постои кај плазмите, па и затоа начинот е различен. Односно ЛЦД-ата користат поголем рифреш од нормалниот со цел да се намали тој ефект на заматување.
Така да можеме да донесеме еден заклучок, а тоа е дека ова не се вистински 500/600 херци, односно тоа е маркетинг трик кои се користи кај неинформираните потрошувачи (98%). Имено освежувањето кое се користи кај плазмата е сосема доволно за да се добие јасна, чиста и остра слика, а и принципот на работа на самиот панел нема потреба од такво нешто.
Како и да е, овој трик не само кај плазмите туку и кај останатите производи им користи на веќе големите гиганти во подобра продажба на своите производи како што се Panasonic, LG, Samsung.