Автор Тема: Q7 3.0 tfsi Да или Не  (Прочитано 582 пати)

Отсутен Grimriper93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Q7 3.0 tfsi Да или Не
« на: 09 Септември 2026, 17:14:30 pm »
Добар ден драги форумџии.

Последно време ми фајќа око за q7 2017та година 3.0 тфси моторот.

Гледам кај нас на наш пазар ги има за 25-27к евра.

Дали има некој искуства да сподели со 3.0тфси моторот.

Гледам 3.0 тди се сеуште по 35к евра што е абсурдно за возило старо 10тина години.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7911
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #1 на: 09 Септември 2026, 20:55:36 pm »
Со која километража ги гледаш коливе?

Отсутен Grimriper93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #2 на: 10 Септември 2026, 17:56:37 pm »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #3 на: 11 Септември 2026, 07:18:35 am »
Земај, ако можиш да си дозволиш одржување, еднаш се живеј.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5534
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #4 на: 11 Септември 2026, 07:28:58 am »
Otvori ubavo oci i proveri ja sekade kaj sto mozes. Mn vozila sto se nosat od US i Kanada vo Evropa se vozila sto bile totalka tamo

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18210
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #5 на: 11 Септември 2026, 07:56:45 am »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Купуваш кола од 25000 евра која е на раб на предвидениот животен век. Таа сигурно ќе тера уште, ама не очекувај тоа да биде евтино и безгрижно.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7911
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #6 на: 11 Септември 2026, 10:00:15 am »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Претпоставувам дека е истиот мотор што е во S5 B9(354hp), зошто и тој е исто 3.0 TFSI. Ако се решиш да ја купиш колата, ке мора веднаш да направиш сервис на менувачот, диференцијалот, водната пумпа да ја смениш, зошто е малтене познат проблем, и потоа да средиш се останато ситно што има проблем на колата. Сметај дека секој мал сервис ке ти носи и уште некоја ставка, било да се дискови, плочки, стабилизатори, или ако нешто затропка некаде.

Генерално, тргни си 5-10.000Е на страна за да ја потсредиш колата. Ако има адаптивни амортизери, и тоа ке мора да провериш до каде се, зошто се 56000 денари парче, таа километража што ја има колата е баш каде што се за замена. 

Моторот лесно иде на 400+ кс, многу убав звук има.

Отсутен Grimriper93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #7 на: 15 Септември 2026, 19:54:38 pm »
Ви благодарам на сите за одговорите.

Возилото е земено, сега за сега да чукнам на дрво одлична е.

Веќе порачав нови гуми, како што гледам дискови свеќици ујле филтри све е сменето пред 5к км, за превентива направив уште еден сервис на ујле филтри, секое наутро пали од прва без никаков проблем или подолго верглање.

Ја возев повеќе од 600км се нема поместено ујлето од мах левел.

Ќе пишувам во групата ако наидам на нешто по сериозно, сега за сега се е тип топ.

Колата оде како улава за таа тежина, позитивно ме изненади.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #8 на: 15 Септември 2026, 20:22:44 pm »
Да ти се погоди и да се вози без проблеми, а може и да ја претставиш колата во посебна тема
Своерачен потпис ;)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 935
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #9 на: 15 Септември 2026, 21:59:45 pm »
Честитки, со здравје да си го возиш