Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.
Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.
Има целосна историја за последните 55к.
Претпоставувам дека е истиот мотор што е во S5 B9(354hp), зошто и тој е исто 3.0 TFSI. Ако се решиш да ја купиш колата, ке мора веднаш да направиш сервис на менувачот, диференцијалот, водната пумпа да ја смениш, зошто е малтене познат проблем, и потоа да средиш се останато ситно што има проблем на колата. Сметај дека секој мал сервис ке ти носи и уште некоја ставка, било да се дискови, плочки, стабилизатори, или ако нешто затропка некаде.
Генерално, тргни си 5-10.000Е на страна за да ја потсредиш колата. Ако има адаптивни амортизери, и тоа ке мора да провериш до каде се, зошто се 56000 денари парче, таа километража што ја има колата е баш каде што се за замена.
Моторот лесно иде на 400+ кс, многу убав звук има.