Мај бест френд, 130 кила жива мера створење до пред 3 месеци. Дијабетичар од 13 години, сега има 35.
Гоедо невидено, физичка активнот нула. Ултра месојадец, чоколадојадец, кока-кола пиец. Абе чудесија од говедо. Справи за вежбање по дома, ама закачалки... ко моите.
Пред некој месец почна да го дупи притисокот. Салам да го дупи. Остај тековните заебанции, разболувања заради немањето имунитет, притисокот беше капак. Лекарства, ова-она. Што е нормално за такво гоедо.
Пред 3 месеци донесе одлука, нема јадење леб, тестенини, нема јадење торти, слатки, сладоледи, нема пиење кока-кола по 5 литри дневно. Поздрава исхрана, претежно салати, чисто месо, сирење. Три месеци покасно, 106 кила. Кондиција на завидно нивоо, а тоа значи врзување врвци на патики без потење и задишување. Исфрлање од употреба на лекарствата за висок притисок, намалување на единиците на инсулин за некои 60-70%
Прилично му се смени животот, за само 3 месеци нејадење глупости.
Ако тука се додаде редовно вежбање...
Ама смотани сме и јас и тој...