дечки прва казна пристигна. На водно На ул. Тодор Александров фатен со 41км во зона од 30км.😁
Сумата е 15 евра.
Не сум во тек, дали може да се плати електронски или мора да се оди со уплатница?
И дали ако е физички мора да се носи уплатница во МВР или имаат поинаку увид за уплатата?
Праќаат слики сега?
Исто така провери да не си бил во насоката во која што беше грешно означена брзината.
Да од кочо рацин накај Панорама. Во таа насока на враќање гледам дека има знак 40 км/ч
А таму гледам на спуштање дека стои знак 40 км/ч.
Незнам дали некаде има опција да се обратам и дали воопшто ќе ми одговорат брзо.
Би си платил и казна, веројатно 15еу (на пола е 500 денари),
Но ете ако имал некој искуство, како се решаваат овие случаи нека пише.
Сега си има знак бидејќи е школска зона. Баш пред некој ден го приметив. 30 си е ограничувањето. Ќе го јадеме сите таму барем еднаш.
Мислиш од доле нагоре или на спуст.
Јас на враќање баш погледнав и не приметив дека има 30 знак ама добро.
Како и да е споделив бидејќи е убаво да знаеме.
дека и таму има камери и ограничување.
Сега уште некој да објасни каков е најбрз начин за плаќање. се надевам дека не треба да се оди во МВР кај алфите за оставање уплатница како доказ