...
Нормално дека разликата не е голема. Момент клучот барем помага во стегањето да знаеш каде е горната граница на стегање без да се замараш дали е малку или многу.
Инаку, се согласувам дека штрафовите најмногу се расипуваат од неправилно навртување и од нештелувани пиштоли. Да речеме вулканизерот во моето село користи пиштол ама никогаш не ги врти штрафовите пребрзо, и не ги стега со пиштол, туку со момент клуч. Некој да го гледа, ќе си помисли дека човекот е калпав, или светска мрза. Ама досега никогаш нема оштетено штраф/гума/бандаж со таква работа.
Заради екстра сигурност, јас си купив штрафови и за зимските гуми. Златна резерва.