Автор Тема: Увоз на половно возило од Словенија  (Прочитано 231 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 243
Увоз на половно возило од Словенија
« на: 17 Октомври 2024, 15:53:47 pm »
Друштво, планирам да увезам возило од ЕУ. Дали некој поминал низ оваа процедура и би сакал да сподели со мене:

  • Кои документи треба да ги земам од матичната држава (Словенија) и од продавачот?

  • Дали банкарскиот трансфер на сумата за купопродажниот договор што ќе биде направен во Словенија е доволен доказ за Царина МК за вредноста на возилото или потребно е да се достави фактура од фирма? Во случајов возилото ќе се купува од физичко лице, па ме интересира во врска со данокот и царината и останатите давачки кај нас при увозот бидејќи тие зависат од цената по која е купено возилото. Каков доказ за цена бара Царина МК (или кој и да е друг државен орган)? Веќе побарав и добив информации од сајтот давачкизавозила. Цената која ја плаќам за возилото е нешто помала од проценката на сајтот. Претпоставувам ќе се земе во предвид повисоката.

  • Бидејќи возилото ќе биде регистрирано во Битола, а влегувам низ граничен премин во Скопје, дали можам да ја возам до Битола легално и таму да ги завршам процедурите сите, ИЛИ возилото мора да остане во Скопје и таму мора да се завршат процедури некои?

  • Кои се процедурите при увоз од ЕУ во МК? Кои се институции треба да ги посетам, по можност ако може некој кој поминал низ ова да ги наброи по редослед.


Доколку има нешто друго битно да се спомене, а сум пропуштил, ќе ми биде добредојдена информација. Ме интересира како оди целата процедура, а не знам за подобро место да прашам од овој форум.

Би бил многу благодарен доколку некој одвои време да ми одговори на овие прашања*

*Најпосветениот член добива гратис вожња со ~ 5сек до 100км/ч возило.
Made in Japan ☮

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7224
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #1 на: 17 Октомври 2024, 20:35:11 pm »
Mене секогаш шпедитерот ми бил најдобриот другар во поглед на увоз, затоа што ги знае сите актуелни процедури, со оглед на тоа дека во просек, на 4-5 години увезувам кола. Секако ке мора шпедиција да ти ја заврши царинската постапка, така да, најди си лик кој ке ти ја води целата работа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14200
  • Пудингот на шоферството
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #2 на: 17 Октомври 2024, 21:41:36 pm »
1.Купопродажен,сообраќајна,цол табли
2.Каталошка вредност
3.Можиш да си одиш до Бт со колата,ќе направиш пропратница на Табановце.
4.Царина,шпредиција,пошта/банка,полиција,технички преглед.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3790
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #3 на: 17 Октомври 2024, 21:53:08 pm »
Доколку сакаш да направиш повраток на ДДВ на возилото, обавезно да побараш и извозна декларација од продавачот (веројатно одиш во некоја шпедиција заедно со цоловите, фактурата и двете сообраќајни и ти прават декларација). Истата е потребно да ја завериш на царина на излез од ЕУ (Словенија во твојот случај) и потоа ја скенираш и заедно со царинската декларација и сообраќајната ја праќаш на продавачот за истиот да ти го врати данокот.
« Последно менување: 17 Октомври 2024, 22:58:37 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 243
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #4 на: 17 Октомври 2024, 23:15:46 pm »
Доколку сакаш да направиш повраток на ДДВ на возилото, обавезно да побараш и извозна декларација од продавачот (веројатно одиш во некоја шпедиција заедно со цоловите, фактурата и двете сообраќајни и ти прават декларација). Истата е потребно да ја завериш на царина на излез од ЕУ (Словенија во твојот случај) и потоа ја скенираш и заедно со царинската декларација и сообраќајната ја праќаш на продавачот за истиот да ти го врати данокот.
Можеби грешам, но нели повраток на данок е можен исклучиво ако се купува од правно лице?
« Последно менување: денес во 01:01:44 is200 »
Made in Japan ☮

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3790
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #5 на: 17 Октомври 2024, 23:31:01 pm »
Да да, извини не прочитав горе дека од приватно лице планираш. Во тој случај како што пиша поштовани Мече и тоа е тоа :)

На Македонска граница секако ќе те пречекаат одма од некоја шпедиција и за 3000 денари ќе ти направат документи со пропратница за до кој и град да ти треба.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA