Автор Тема: Увоз на половно возило од Словенија  (Прочитано 1444 пати)

Отсутен Elijah

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #15 на: 21 Јануари 2025, 02:53:36 am »
Здраво дечки :)

Месеци, месеци ве читам сите, не можев повеќе, си направив конечно профил :D И јас да кажам некој збор а и да побарам мислење.

Неколку месеци разгледувам на интернет, огласи, видеа, рецензии... пошто многу јас не се разбирам во возила, ама маката ме натера.

Е арно ама, овде кај нас... значи ми се повраќа од понудиве. Некои имаат VIN во огласите, а на некои по странската регистрација успевам да им го најдам VIN-от и многу од нив ги наоѓам на carsbat. УЖАС! Еве вечерва само случајно видов нов оглас (не е битно од кој трговец) за Renault Captur II, шо го продаваат за 17k. Истиот го најдов на Carsbat, продаден за 8500 евра, со статус damage :-X И најмала грепка е сликана од на аукциите кога ги продаваат. Предниот браник напукнат и истружен, а овде на сликиве гланц бе! Не се познава! Разбирам заработка од 1-2000, па и 3000 евра на таа кола... ама 5000 заработка?!

По препорака на еден другар, почнав да ги следам цените на avtonet во Словенија. Тие шо се со еден сопственик и Словенски, обично се поскапи. Ама и таму некои шо се увезувани, поевтини се, шо можи да се сумливи.
Случајно ми излезе некој оглас од Порше преставништво. Абе еден куп коли имале таму. Како шо прочитав од некој на форумов, Европјани Словенците, извози го 2-3-4 години и замени го за ново. Во секој случај, ми се свиѓа што има и видео снимки од подвозјето, со мерење на пневматици.

Најдов едно количе... ги контактирав по е-маил на англиски. Значи немам збор! 3-4 пати му пишав. Се' си изнапрашав ;D
Ми пратија сервисна историја, дополнителни слики од гребаници што не се познаваа на сликите. Мерења за (појма немам шо апаратче е то) бојата на колата дека е оригинал. И сеа идат дупчанките :D Хахаха.

Конкретно за ова возило, немаат поврат на данок, пошто сеуште било на физичко лице. А има на доста возила што има поврат (на официјалниот сајт не пишува, ама ако го најдите возилото на avtonet, пишува). То е прв минус.
Прашав за цените. Фиксно е бате ми вели. Ма да, по еден месец, ги намалуваат за 500 евра (од то шо видов во последниов месец, конкретно и на возилото шо го гледав).
Друга заебанција е шо, поќе од 5000 евра кеш не примаат. Цела сума на невидено, не ја давам :D А да чекаш 2-3 дена да легнат парите од овде (со полномошник нормално, му јаувам, уплаќај), ќе дојди телето поскапо од кравата.
Трета заебанција, не давале ЕУР1 документ / сертификат... шо и да е. Требало да се оди и на технички и на експорт канцеларија... таму да сум прашал дали давале. Малку сјебано ми е ова. Тие не знаат? Ма да се понуди, пошто едното било на 8км, да ме однеси со нивно службено возило.
Имаш полн резервоар од мене ми вика + течност за бришачи цел резервоар. И уште една проверка на возилото од наша страна, за да се увериме дека се' е перфектно за на пат.

Значи луѓе... начин на комуникација, да ти излези во пресрет... немам збор.

Е сеа, математиката некако не ми излегува, после сите муабети шо ги читам овде. Па ако можи мала помош. Знам некој ќе ми предложи на davackizavozila, и секако дека ќе ги искористам, ама кога ќе бидам 100% решен за одредено возило. Лично ме интересира математиката (груба нормално) за ориентација.

Возилото е 12 500. Калкулаторот за CO2 вели (во случајнов го земам БЕЗ ЕУР1) 409 евра. Па сеа, имаме :

(12 500 + 409) x 1.18 = 15 232 eura... Шо искрено иако ми го надминуваат буџетот, би ги дал за Seat возило старо 4 години со реални 40 000 км... иако со основна опрема.

НО... колкави се останатите трошкови?
Трошковите во Словенија дали знае некој? Колку се плаќа во тоа техничкиот и канцеларијата за извоз?
После при влез во Македонија, наместо Скопје, да би ја царинел Битола. Дали знае некој подетално да ми објасни? Хомологација и тив, кога се плаќаат? Колку чинат тие?

Башка, како што читам, едно е ти по која цена си ја купил, друго е како се расположени на царина да ти швркнат цена.

Лет, едно ноќевање (сигурно), патарини, гориво... сето тоа е плус. Ќе стигниме до 17 000 евра. Си велам поарно можда е MG ZS за таа пара, барем има 7 години гаранција ;D Или па Fiat Linea или Citroen C-Elysée :D

Фала на разбирање дечки. Секоја сугестија, совет е добредојдена.
Ако случајно се најди некој паталец во истава ситуација, уште поубаво :D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #16 на: 21 Јануари 2025, 05:48:59 am »
Друже купи кинезот и мирна ти глава,еве тие МG по Скопје во такси душата им ја извадија.Купи кинезот и не се замарај.И да не само од Словенија еве цела Паланка е преплавена со возила од аукции од италија  или како велат старо за ново оставена лизинг оно прекршено од возење😅

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6482
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #17 на: 21 Јануари 2025, 08:06:07 am »
Одбери 2:

- Ефтино
- Мала километража
- Опрема

Математиката е таа, да увезуваш нешто специјално некој модел со таква и таква опрема и до толку км, па да се замараш,
ама пак за возило со основна опрема и мала километража, ене ги впродавница таквите коли, нови.

Или спушти ги критериумите на 1-2 години плус и некој километар повеќе и купи си од кај нас, излегуваат од време на време возила од први газди,
со под 100к км, до пред некој месец имаше Каптур 2 од познаник од работа, прв газда за ~15К, црвен.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7411
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #18 на: 21 Јануари 2025, 13:38:55 pm »
Е сеа, математиката некако не ми излегува, после сите муабети шо ги читам овде. Па ако можи мала помош. Знам некој ќе ми предложи на davackizavozila, и секако дека ќе ги искористам, ама кога ќе бидам 100% решен за одредено возило. Лично ме интересира математиката (груба нормално) за ориентација.

Возилото е 12 500. Калкулаторот за CO2 вели (во случајнов го земам БЕЗ ЕУР1) 409 евра. Па сеа, имаме :

(12 500 + 409) x 1.18 = 15 232 eura... Шо искрено иако ми го надминуваат буџетот, би ги дал за Seat возило старо 4 години со реални 40 000 км... иако со основна опрема.

НО... колкави се останатите трошкови?

Најгруба пресметка со вклучени сите трошоци +- која е колку-толку точна и општоприфатена тука на форумов, на цената на возилото што ќе го платиш во Сливенија пример, 12.500€ + 40% (најмалку) = 17.500€ на МК таблички.

Значи најмалку 17.500€ (=-500€) на мк табли.