Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT  (Прочитано 3024 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #45 на: 09 Септември 2024, 22:34:52 pm »
На сите ни е јасно дека малолитражните мотори се мн тапа али тоа е, џабе расправање и објаснување.

Абе на сите, освен на тие кои тестираат и ги читаат луѓе.

Кој планира да дава 30-40к за кола од џеб ќе седне ќе ги проба. Ако даде па 40к за кола без да ја проба тогаш и заслужува да има таква.

Така е Саше, се слагам бескорисна е работата на @zeroSignal

Мило ми е што се слагаме. Ако продолжиме вака да се слагаме можеме да се пишеме за брзо и братучеди на Фејсбук.  :-X

Еве сега прашање на иста тема. Дали ти твојата кола (која што не ја знаеме зошто нема тема а си член на форум за возила - како што кажа ти) ја купи само врз основа на тестови од интернет?

Еве ти контра прашање - која беше мојата поента на постот на кој реплицираше и како има директна поврзаност со твојата поента?

Ајде еве објасни ми ја твојата поента, бидејќи не ја разбирам. Ок е секоја глупост што ќе ја пише рецензент, бидејќи луѓето ионака треба да тестираат сами коли? Тоа сакаш да кажеш?

Тестирањето и рецензирањето на било што, меѓу што и коли ти дава една широка представа за тоа што нуди производот и во кој граници е.
 
Заради тоа ете има и бројки за тие работи што се нај споредливи кај колите како што се големина на багаж, забрзување до 100, максимална брзина, должина, меѓуоскино итн.... Неможе тестерот да ти каже ваа кола ќе ви биде топ, зошто за секој е различно што е тоа добро и брзо.
Еве кај мене минатата колата забрзуваше за 5.3 до 100 и според мене тоа е задоволително добро, за некој што вози Порше е споро, за некој што вози Пежо 1.2 ќе биде пре брзо и непотребно ама неможе рецензентот да пишува колата е брза за вој, спора за тој, тамам за оној.

И, најбитното, дали на некој му треба забрзување за 5сек до 100 за да може Зеро да пише дека колата е тамам па да и се даде Амин? Не. Секој сам си решава што му треба и колку му треба и неможе заради тоа било кој рецезент да каже дали нешто е добро или не. Ете и @brm brm убаво објасни.

Еве и за телефони пример, има мал милион видови на телефони па никој што рецензира не кажал вој телефон е добар и купујте го, вој не е добар.

А зошто го квоутнав постот, па тука се крена паника дека мора да се даде строго напатствие кон некој што го чита тестот дали да ја купи колата. Јас те прашав тебе, дали ти ја купи твојата кола строго според ривју од интернет? Скроз на тема беше прашањето.

Леле релативизирања до максимум. Во тој случај што рецензира уопште, он е само еден човек што анализира еден модел со едно ниво на опрема, секој човек сака различни модели на опрема и мотори, што и да каже автоматски не е релевантно за мене.

Среќа не постојат коливе во вакум, па можеш објективно да гледаш (ако сакаш), како членови што пишаа поназад. Дополнително во другата рецензија што троши 9.5л во град се гледа како ефикасен 1.2ка.

Инаку кај телефони не навлегувај со безвезни муабети, сите рецензии се да кажат дали телефонот е добар сам по себе или добар апгрејд на постоечки модел.

Едит - да ти одговорам на прашањето, јас рецензии читам/гледам од доверливи извори. За мене ако некој пише 9.5 во град е ефикасен мотор, автоматски сите други тврдења ми стануваат сомнителни и престанувам да читам од тој извор.

Од Балканскиве го следам само Jura Se Fura, заради забавен фактор и заради тоа што е без влакна на јазик.

Ако моево е релативизација, твоево е разводнување на муабетот до максимални граници што веќе преминува во инат. Незнам стварно како треба да изгледа емисија според тебе, да фане човекот за сите мотори и опреми и се да кажува како е поединечно.

За мене еве лично секоја кола за да е добра еве треба да биде 5,Х до 100, да има адаптивна суспензија, матрикс фарови, адаптивен темпомат, виртуелен дисплеј, панорама и багаж на копче и сега значи ако некој не го каже сето ова во рецензија јас треба да сум лут зошто не ми е по терк мене и да се инатам по форуми.

И за телефоните не навлегувам во безвезални муабети зошто веќе твоево тупење дека тестот треба да е насочен кон одреден тип на купувачи е скроз безвезално па може да се каже дека оддамна сме навлезени. Исто е и со тие рецензии, секој што прави ривју кажува за секој телефон што му се позитивни работи и на крајниот купувач е да реши дали ќе го купи, а 90% нема да го купат, само ќе купат нова верзија од тоа што користат моментално.

Секако нема да се разбереме и согласиме јас и ти, така да спортски поздрав и тука.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #46 на: 09 Септември 2024, 22:46:15 pm »


Добро извини, ваков примерок ако зимаме на луѓе што сака да стигне од А до Б дај му било што освен Алфа Ромео и ќе му биде доволен, па нека е мерцедес и со 300.000 километри.

Сакаш да кажеш дека не може објективно да зборуваме дали некој мотор во X модел е добар/лош?

МОЖЕ да зборуваме објективно. Објективно ти кажав дека конкретно оваа кола, оваа пежо, со се што нуди ќе му биде некому доволно добро. Има луѓе што токму тоа го сакаат интересен дизајн, футуристички ентериер екрани на сите страни, они паѓаат у несвес кога ќе ја видат у салон и купуваат. Тоа продава. МНОГУ луѓе има со МНОГУ пари што не ги интересира коњски сили или претицање на брдо и не го чита делот од рецензиите кога се зборува за мотор и перформанси и забрзување.
Објективно на мене и тебе, па веројатно и на повеќето на форумот вакво возило со таков мотор не ни е доволно. ама тоа не значи дека на некој таму у Парис нема да му биде. Мош баш тоа го бара. од х причини...

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #47 на: 09 Септември 2024, 23:02:14 pm »
На сите ни е јасно дека малолитражните мотори се мн тапа али тоа е, џабе расправање и објаснување. Можело и полошо ајде, мануелец да е. Тоа е веќе најлошо нешто што постои за А-Б возило.

Фактички, да не беше ова со електромотор, ќе биде веќе тешко за возење. Вака делува ОК. Додека не тргнеш на одмор низ Мк. товарен со 3 -4 патници. И да заглавиш зад камион на валандовско брдо. Тогаш ќе дојдат до израз тие 3 клипа и 1648 кг.

Прекрасна кола луѓе што не се по колите. Ќе ги привлече интересен дизајн, убава кабина и рафинирано возење. И сето тоа го ценам. И мене ми изгледа интересно и браво што е рафинириан и тивок за возење. Таман за некој почетник да си го вози локално по рамничко.

Фалмилиарна кола? не баш. А штета, баш модерно и дури и убаво.


Ова сте двајцата пред 2 дена. Тапа, штета - како опис за мотор/кола комбо.

Што го тупите сеа не знам во 200 правци...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #48 на: 09 Септември 2024, 23:12:41 pm »
Македонија нажалост има по еден импортер за одреден бренд. Така да, доколку очекувате дека некој рецензент ке може без влакна на јазикот да каже што искрено мисли за кола, и да отиде во екстрема во поглед на критика, и потоа пак да се појави во истиот салон и да очекува друго тест возило, тогаш некој живее во илузија. Ова не е Америка или Англија, па ако Audi London не ти даде тест возило, да тркнеш до наредниот град кој има салон, и да ти дадат возило.  Taка да, ке се научиш да читаш меѓу редови за некои редови. На пример, таму каде што рецензентот е неутрален, или има слаба критика, знаеш дека доколку го земеш возилото во раце, дека треба прво на тие работи да обратиш внимание.
« Последно менување: 10 Септември 2024, 01:25:45 am Tommy »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #49 на: 09 Септември 2024, 23:23:46 pm »
На сите ни е јасно дека малолитражните мотори се мн тапа али тоа е, џабе расправање и објаснување. Можело и полошо ајде, мануелец да е. Тоа е веќе најлошо нешто што постои за А-Б возило.

Фактички, да не беше ова со електромотор, ќе биде веќе тешко за возење. Вака делува ОК. Додека не тргнеш на одмор низ Мк. товарен со 3 -4 патници. И да заглавиш зад камион на валандовско брдо. Тогаш ќе дојдат до израз тие 3 клипа и 1648 кг.

Прекрасна кола луѓе што не се по колите. Ќе ги привлече интересен дизајн, убава кабина и рафинирано возење. И сето тоа го ценам. И мене ми изгледа интересно и браво што е рафинириан и тивок за возење. Таман за некој почетник да си го вози локално по рамничко.

Фалмилиарна кола? не баш. А штета, баш модерно и дури и убаво.


Ова сте двајцата пред 2 дена. Тапа, штета - како опис за мотор/кола комбо.

Што го тупите сеа не знам во 200 правци...

Ти го тупиш, јас само ти одговарам културно и што по пластично можам ама очигледно џабе. И што и да се одговори враќаш со "релативизирам"; "Спин" или некое квотнување како сега

Да ти го дообјаснам квотнатото еве - Моторот ЗА МЕНЕ е грд и слаб и ниаков, и за секој што сака возила предпоставувам е таков. За тој што не се интересира воопшто за техничките перформанси на возилото (како што се 90% од луѓето), ќе биде задоволителен.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #50 на: 12 Септември 2024, 10:40:48 am »
Зеро ви пиша во третиот пост уште. Ама вие уживате во Курир статии кога пишуваат против некого експлицитино.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1007
Одг: CARclub Тест: Peugeot 3008 MHEV GT
« Одговори #51 на: 12 Септември 2024, 11:20:02 am »
Моментално во мене имам Пежо 2008 од прва генерација со 1.2 THP мотор со 110 коњи кој требаше да го возам по патишта со стрмни кривини на Крит (кој бил, знае). Објективно можам да кажам дека и оваа и 3008ицава која иако има 25 екстра коњи исто така тежи 400 кила повеќе, "удобни" дури и за просечен корисник можат да бидат само на право и на удолница. Сѐ останато е мачење.