Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 658770 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4665 на: 11 Април 2024, 13:15:47 pm »
Да се надеваме попустот ке долети и накај север :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4666 на: 11 Април 2024, 13:18:28 pm »
За ново ауто е цената, така?

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4667 на: 11 Април 2024, 13:25:57 pm »
За ново ауто е цената, така?
Да

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4668 на: 11 Април 2024, 13:28:00 pm »
Arteon веќе не се произведува. Ова се најверојатно лагерски возила кои гледаат да ги расчистат.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4669 на: 11 Април 2024, 14:31:34 pm »
Чисто со споредба од кај нас ценовникот е од пред неколку месеци , моментален колку е не знам  но факт е  кај соседите колите се поефтини одредени модели(буквално сите европски брендови кај нас се многу повеке поскапи од кај соседите конкретно ,vw,audi,bmw,mercedes)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4670 на: 11 Април 2024, 14:57:10 pm »
Pa VW e most wanted kaj nas taka da ni ja ne bi namalil ceni koga veke se kupuva masovno

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4671 на: 11 Април 2024, 14:58:05 pm »
По најверојатно милионити пат на форумов - сите земји имаат различни давачки и тоа многу влијае на цената. Во Србија нема акциза туку само ДДВ. Ние имаме царина, акциза (односно по ново Данок на Моторни Возила) и на сето тоа ДДВ.

Споредбите „во избери-земја-која-сакаш возилата се поевтини“ немаат логика. Различни се давачките. Да не праиме муабет дека не добиваат сите импортери исти цени.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4672 на: 12 Април 2024, 04:28:59 am »
По најверојатно милионити пат на форумов - сите земји имаат различни давачки и тоа многу влијае на цената.

Која е тогаш логиката зошто при купување на возило од Мазда Македонија (кои колите ги повлекуваат од околните земји) добив драстично пониска цена од било која во регионот, а и други брендови како пример Киа редовно, а неретко и Шкода и Хјунда имаат пониски цени од регионалните (веројатно и други брендови кои не ги толку пратам)? А за VW веќе неколку години назад има енормно високи цени кај нас. Ништо тенденциозно, само ме сериозно интересира од некој по упатен како другите брендови успеваат да направат конкурентни цени додека кај останатите е секогаш приказната за високи давачки...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4673 на: 12 Април 2024, 07:43:06 am »
Има два типа на “нови“ коли.

Тип 1
Веќе порачани и произведени со одреден тип на стандардна и дополнителна опрема директно од производителите (дури и без да бидат порачани) за многу пазари. Тие се многу поевтини за производство.

Тип 2
На конфигуратор сам си бираш опрема што сакаш да има, што сакаш да нема. Тие не се произведени туку влегуваат во опашката за чекање на коли за произведување. Е тие се баеги поскапи за производство отколку Тип 1.

Многу од македонските официјални претставници одат на Тип 1, за поголема луфта за попуст и поголем дел од колачот од профитот. Многу поретко одат на Тип 2.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4674 на: 12 Април 2024, 08:11:12 am »
Од тоа што јас можам да заклучам е дека Азијатите се некако поефтини кај нас за разлика во другите земљи на балканот тука спаѓа (киа,тојота,нисан,сузуки,хјундаи,мазда..) но пак одредени модели тука се поефтини таму поскапи но тоа е редок случај , конкретно за швабите и со 10к и јаче се поскапи кај нас , волво исто така 32илјади евра xc40 во Србија кај нас околу 42 а иста опрема и се... не знам не сум паметан не е лесно да цепаш најлони кој се наоѓа во тој моод  од седишта тежок избор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4675 на: 12 Април 2024, 14:16:40 pm »
Има два типа на “нови“ коли.

Тип 1
Веќе порачани и произведени со одреден тип на стандардна и дополнителна опрема директно од производителите (дури и без да бидат порачани) за многу пазари. Тие се многу поевтини за производство.

Тип 2
На конфигуратор сам си бираш опрема што сакаш да има, што сакаш да нема. Тие не се произведени туку влегуваат во опашката за чекање на коли за произведување. Е тие се баеги поскапи за производство отколку Тип 1.

Многу од македонските официјални претставници одат на Тип 1, за поголема луфта за попуст и поголем дел од колачот од профитот. Многу поретко одат на Тип 2.



Подобро срочено амин :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4676 на: 12 Април 2024, 15:00:07 pm »
Добро е, ама не е комплетно.

Неретко, кога одреден импортер нарачува возила, може да нарача (по)голема бројка на идентични возила. Не мора производителот да ги специфицира, може самиот импортер да си каже - ми треба 100 примерока од тој-и-тој модел, со таа, таа и таа опрема. И сите ќе бидат идентични и сите ќе имаат прилично добра цена. Конкретен пример - таков беше случајот пред неколку години со Seat Ibiza 1.0 TSI FR кај нас.

Плус, од време на време се случува самиот производител да даде „Поддршка“ за одреден модел, односно дозволува импортерот да го продаде возилото по пониска цена (дури понекогаш и со загуба), а производителот да ја покрие разликата. Се случува и специфична изведба од специфичен модел да има некаква пониска цена. Или ако производителот „чисти залихи“ пред runout на модел или пред фејслифт, локалните импортери можат да добијат поддршка за нарачка на возила од овие залихи, или пак поддршка за полесно продавање на возилата кои веќе ги имаат на лагер.

Има разлика и од „кое ниво“ е импортерот. Дали е директен или е преку втора (па и трета) компанија. На пример, кај нас Тојота е преку Инчкејп, не е директно. Ford/Hyundai итн одат преку регионален застапник, не директно. Volvo оди преку Volvo Group Adria, не директно. Од друга страна, застапникот на Kia е директен. Застапникот на Peugeot, Opel е директен. Застапникот на Citroen/Fiat, итн е директен.

Од друга страна, регионалните застапници имаат куповна моќ и можат да купат поголема бројка на возила од одреден модел во одредена изведба, па да добијат и подобри цени. Тоа е океј, ама па го ограничува изборот и неретко значи чекање подолго ако се чека нешто custom. Затоа другар чекаше Tucson Hybrid безмалку една година.

Секако, и импортерите си имаат маржа. И маржите не се мали, и не ни можат да бидат.

Сето тоа влијае на цената.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4677 на: 13 Април 2024, 07:23:09 am »
Да додадам, сигурно има разлики во организациска поставеност од бренд до бренд. Конкретно кај Хјундаи, исти назив на ниво на опрема, но мали разлики во опрема помеѓу српска, босанска, Хрватска, словенска и македонска "варијанта".

Мојата i30 (дизел кој во тоа време прекинаа да го држат во понуда) пристигна заедно со нормалниот производствен лот на бензинци по акциска цена, не се чекаше подолго.
« Последно менување: 13 Април 2024, 07:28:55 am Mikius »

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4678 на: 14 Април 2024, 18:46:15 pm »
Да се надеваме попустот ке долети и накај север :D

Судејќи по најновите ценовници кои деновиве ги има постевено VW тешко...

Цената за новиот T-cross 1.5 DSG R-line во Хрватска 25.642 еур


Цената за истата конфигурација во Македонија 36.608 еур

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4679 на: 14 Април 2024, 19:07:19 pm »
Тоа е тоа кај нас европските брендови се многу ,многу посакапи не сакам да објавувам поединечно за секој бренд и модел горе доле слични во опрема или во боја , но добро е што не сум единствен и многу други приметили дека во регионот драстично цените се намалени и да сакаш да купиш ке ти се одкупи кај нас. Кога ке видиш во загреб,сарајево,пула,белград а во скопје бууум 10к посакапо ке отварам емаил некаде мислам ценовникот за ауди исто со опрема а6 во србија колку е па во скопје мислам дека беше 18 илјади евра разлика па побогуу човече мислам, ке си возиме јапанци што друго да речам шваба кај нас по-ново возило ке биде атракција да се види на улици како продолжиле со цениве.