Добро е, ама не е комплетно.
Неретко, кога одреден импортер нарачува возила, може да нарача (по)голема бројка на идентични возила. Не мора производителот да ги специфицира, може самиот импортер да си каже - ми треба 100 примерока од тој-и-тој модел, со таа, таа и таа опрема. И сите ќе бидат идентични и сите ќе имаат прилично добра цена. Конкретен пример - таков беше случајот пред неколку години со Seat Ibiza 1.0 TSI FR кај нас.
Плус, од време на време се случува самиот производител да даде „Поддршка“ за одреден модел, односно дозволува импортерот да го продаде возилото по пониска цена (дури понекогаш и со загуба), а производителот да ја покрие разликата. Се случува и специфична изведба од специфичен модел да има некаква пониска цена. Или ако производителот „чисти залихи“ пред runout на модел или пред фејслифт, локалните импортери можат да добијат поддршка за нарачка на возила од овие залихи, или пак поддршка за полесно продавање на возилата кои веќе ги имаат на лагер.
Има разлика и од „кое ниво“ е импортерот. Дали е директен или е преку втора (па и трета) компанија. На пример, кај нас Тојота е преку Инчкејп, не е директно. Ford/Hyundai итн одат преку регионален застапник, не директно. Volvo оди преку Volvo Group Adria, не директно. Од друга страна, застапникот на Kia е директен. Застапникот на Peugeot, Opel е директен. Застапникот на Citroen/Fiat, итн е директен.
Од друга страна, регионалните застапници имаат куповна моќ и можат да купат поголема бројка на возила од одреден модел во одредена изведба, па да добијат и подобри цени. Тоа е океј, ама па го ограничува изборот и неретко значи чекање подолго ако се чека нешто custom. Затоа другар чекаше Tucson Hybrid безмалку една година.
Секако, и импортерите си имаат маржа. И маржите не се мали, и не ни можат да бидат.
Сето тоа влијае на цената.