Вчера имав подновување: ново Ауди А4 2.0ТДИ 143КС B8. Колата се зема за татко ми но бидејќи моментално ногата му е скршена и не може да вози, јас ќе се грижам за неа некое време
.
Дополнителна опрема:
-3-крак мултифункционален спортски волан
-хромирани лајсни на вратите
-радио „концерт“ со сд картичка
-паркинг сензори - позади
-сервотроник
-греење на прскалки и ретровизори
-светла за магла
-борд компјутер
-блутут интерфејс
-централен наслон за рака
-дигитален 3 зонски клима уред
-ксенон светла
-боја: бела металик
Првичните впечатоци ми се многу позитивни. Лесно се вози, имам чувство дека колата е помала од колку што е. Моторот е сосем доволен. Убаво тегне на угорници. Вожњата е таман мека и доволно спортска за мене. Во кривини се однесува одлично. На дупки тропа суптилно, не треска како на понискиве класи на коли. За другите работи ќе видиме подоцна. Потрошувачка, однесување на подолг пат и сл.
Еве неколку слики во гараж стил: