Ај јас, пошто сум искусен по темава.
Прво, имав навлаки на колата, од нова. Врз основа на тоа и со искуството и алатките за одржување на хигиена на возилото со кое располагам денес, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕ СТАВАМ НАВЛАКИ НА МОЈА КОЛА.
Второ, ајде да се запрашаме која е поентата на навлаките. 90% од луѓето сметаат дека целта на навлаката е да му ги зачуваш седиштата на наредниот сопственик (иако потсвесно, мислејќи дека самите имаат бенефит од таа работа, а всушност немаат, туку има тој што ќе ја вози колата по него). Реалната поента на навлаките е да се одржува местото за седење чисто, а со тоа и седиштето, односно се ставаат со цел полесно да се одржува хигиената СО ВАДЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ НА ПРЕДМЕТНИТЕ НАВЛАКИ, барем 1-2 пати годишно.
Во конкретната ситуација, имајќи во предвид каква беше состојбата на возилото, мршникот претходен сопственик да го прашаш зошто ги ставил, ако знае да каже - еве де..
За да се распадне сунѓерастиот дел од долна страна, треба да се ставени и да не се чепнати со години (под чепнати, мислам вадени, за перење).
Моите навлаки истераа 13 години со перење минимум 2 пати годишно, и ги фрлив само за нијанса избледени од сонцето, потполно употребливи.
Така да... Да не ги кудиме толку навлаките, си имаат и тие цел, иако се помалку оправдана.
А да, има и такви кои ставаат навлаки да покријат оштетување на седиштето. Тие се посебна категорија.