Автор Тема: Honda Civic EG  (Прочитано 2401 пати)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Honda Civic EG
« на: 07 Јули 2024, 02:49:20 am »
Епа ај да направам една тема и за ЕГ-то.

После една пропуштена шанса пред неколку години за одлично сочуван Civic од оваа генерација, потајно мечтаев по некој примерок, но никако не испаѓаше добра понуда по огласите. Желбата стана уште поголема изминатово зимо, кога девојка ми ми прати слика, а воедно и остави ливче на примерокот што сега е мој.

Искрено не очекував дека сопственикот ќе ме бара, но по два дена добив повик од него. Направивме два-три реда муабет, но во тој момент колата не беше на продажба. После тој момент секојдневно ги следев сите страни за огласи кај нас, но залудно, се до една вечер кога добив порака дека колата е на продажба и ако сум заинтересиран да ѕвонам на бројот.

Бидејќи наредниот ден од кога ја добив пораката беше неработен ден, односно 1ви мај, на 2ри мај отидов за Гевгелија и си го остварив сонот.

Сега малце повеќе за колата. Се работи за петта генерација на Civic, произведен 1994 година. Погонуван од 1.3 16v мотор. На километражникот пишува 192 000 километри, дали се точни поима немам.
Од опрема има само серво волан, но тоа и не ми е толку битно. Битно ми е дека колата е каросериски здрава, односно нема нигде скапаници.

Планови за во иднина:
- Мал и голем сервис иако предходниот сопственик ми кажа дека е тоа средено
- Хемиско (веќе направено)
- Подвозјето да се претресе и да се замени се што треба
- 15" алуминиумски бандажи на кои ќе одат нови 195/50/15 летни гуми
- Зимски гуми 175/70/13 на оргиналните бандажи
- Eibach pro kit -30мм спирали
- Фарбање и монтирање на клима во далечна иднина

Првата слика од зимото:



На пат кон дома:



Прво перење, после ? години  ;D



Што е средено во меѓувреме:
Првото нешто што го направив беше одлепување на налепницте што беа залепени од двете страни на возилото.
Пред:



Потоа:



Бидејќи од опрема нема ништо, немаше ниту табла со обртомер. Набавив табла со обртомер на која и го преместив мојот километражник за километрите да останат исти.



Пред:



Потоа:



На поклон добив OZ Superturismo 15" бандажи, кои моментално се испескарени.





Исто така на поклон добив и радивце, па старото кое не одговараше со колата го заменив со ова.

Пред:



Потоа:



Некоја бонус слика:





Деновиве правев хемиско во домашни услови, но за тоа во следниот пост :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #1 на: 07 Јули 2024, 09:05:52 am »
Боо, цице! Со здравје да ја тркалаш!
Кај даваат поклон Супертурисмо и јас да се пријавам 😅

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #2 на: 07 Јули 2024, 10:56:09 am »
Легендарно количе!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #3 на: 07 Јули 2024, 14:16:03 pm »
Ова е цивикот што ме натера да ја засакам хонда како марка.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #4 на: 07 Јули 2024, 14:26:02 pm »
Многу добар примерок и супер боја

Со здравје да се вози и ставај клима да уживаш и дење

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #5 на: 07 Јули 2024, 14:49:31 pm »
Предобра серија на цивик, пред неколку год ми нудеа 1.5 но ме одврати тоа што беше на карбуратор, црвена со скопски стари табли, сега мислам дека е во штип.
П.с создравје да си ја возиш!

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #6 на: 09 Јули 2024, 01:36:45 am »
Фала ви на убавите зборови.

Една од најбитните работи ми беше да го исчистам ентериерот. Кога ја купив имаше ставено некои навлаки, кои беа извадени уште првиот пола саат од кога стасав дома.

Бидејќи претходниот газда пушел во натре, колата беше замирисана и страшно ме нервираше, па решив комплетно да го растурам ентериерот (останаа тапацирите и шалтаблата), со што полесно ќе ги исчитам седиштата, а воедно ќе го исперам и тепихот.

За чистење употребив Pulimax, K2 tapis спреј и некое средство за текстил од ДМ што ми го препорача @Roci, а за дресинг и заштита користев Carpro Perl исто така по препорака на Roci. Страшна нечистотија испадна од седиштата и тепихот. Моментално назад ми се вратени тепихот и седиштата, чекам кожа за кај менувачот (старата беше изгорена од цигар) па да го комплетирам ентериерот.

Некоја слика во прилог:

Пред:





















Потоа:











Водата од крпата со која го чистев кровот:



Водата после чистењето на седиштата:



Како за прв пат чистење во домашни услови јас сум презадоволен :)

Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #7 на: 09 Јули 2024, 01:40:56 am »
Majко мила...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #8 на: 09 Јули 2024, 06:42:12 am »
Шо не пиша ќе дојдев со машината ќе ја напраевме стакло.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #9 на: 09 Јули 2024, 08:34:41 am »
Не пишав тоа погоре, другарче има машина па со него завршив работа.
Сепак фала ти на понудата
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5189
  • Пиши лаже
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #10 на: 09 Јули 2024, 08:51:44 am »
Честитќи Рики, за убаво да е!
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #11 на: 09 Јули 2024, 09:22:32 am »
Алал вера, чистење домаќински, како нова да е сега, браво.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #12 на: 09 Јули 2024, 09:40:54 am »
Си го освежил ентериерот барем 20-тина години.

А навлаките ми се скроз нејасни. Криминал против човештвото.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #13 на: 09 Јули 2024, 09:44:57 am »
Си го освежил ентериерот барем 20-тина години.

А навлаките ми се скроз нејасни. Криминал против човештвото.

И не само тоа, туку не го ни штитат седиштето. :) сунѓерот во навлаките само се распаѓа и се впива во седиштата и ги пожолтува, и колку подолго стои толку потешко се вади после.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #14 на: 09 Јули 2024, 13:42:44 pm »
И мене не ми се јасни навлаките. Баш како шо кажа @andrejnaumovski, сунѓерот се распаѓаше и беше цел залепен за седиштата
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i