Автор Тема: Honda Civic EG  (Прочитано 2396 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #15 на: 09 Јули 2024, 14:13:41 pm »
Ај јас, пошто сум искусен по темава.

Прво, имав навлаки на колата, од нова. Врз основа на тоа и со искуството и алатките за одржување на хигиена на возилото со кое располагам денес, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕ СТАВАМ НАВЛАКИ НА МОЈА КОЛА.

Второ, ајде да се запрашаме која е поентата на навлаките. 90% од луѓето сметаат дека целта на навлаката е да му ги зачуваш седиштата на наредниот сопственик (иако потсвесно, мислејќи дека самите имаат бенефит од таа работа, а всушност немаат, туку има тој што ќе ја вози колата по него). Реалната поента на навлаките е да се одржува местото за седење чисто, а со тоа и седиштето, односно се ставаат со цел полесно да се одржува хигиената СО ВАДЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ НА ПРЕДМЕТНИТЕ НАВЛАКИ, барем 1-2 пати годишно.

Во конкретната ситуација, имајќи во предвид каква беше состојбата на возилото, мршникот претходен сопственик да го прашаш зошто ги ставил, ако знае да каже - еве де..

За да се распадне сунѓерастиот дел од долна страна, треба да се ставени и да не се чепнати со години (под чепнати, мислам вадени, за перење).

Моите навлаки истераа 13 години со перење минимум 2 пати годишно, и ги фрлив само за нијанса избледени од сонцето, потполно употребливи.

Така да... Да не ги кудиме толку навлаките, си имаат и тие цел, иако се помалку оправдана.

А да, има и такви кои ставаат навлаки да покријат оштетување на седиштето. Тие се посебна категорија.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #16 на: 09 Јули 2024, 17:52:34 pm »
Јас ги извадив од сите седишта освен од возачкото. Имам шаторско крило место навлака поставено, обичната навлака ми пропушташе мн прашина во седиштето. Наредно гледам има за миленици за предно само да видам во живо сакам. Без навлака терав и веќе покажува знаци на лижење кузнеј како влегувам в кола со 65 кила ама го лижам, како второ често сум валкан, не планирам да носам две три рала алишта, и да се туширам  кога одам на камп, по риба или на нива, и специјално да се гланцам за да влезам во кола. За зимски спортови исто.
Патосници се знае гумена исклучиво, и тоа во последно и најлон имам испод , ми докурчи да чистам кал стврдната избегана под патосница  па се напраило лом.
 Корсата нема ништо од навлака, патосниците се. Кар клуб шема, тепих. Па неможам да опишам кој шит се бери во нив, цел ден да ги чукаш и правосмукаш е џабе, мирисот на влага со по ти не од гнасно на зима е гратис. Најдобро шо успеав да ги исчистам е со орбитална вибро шмиргла па да тргам со правосмукалката, па средства, низ нис да ти излези.
За културни луѓе шо не стапнуваат на планина или одат за кафе на првата клупичка и на зима си ја зземаат од подземна гаража колата за до работа и таму на исчистено тогаш да може типски патосници и без навлаки, да се глеа дека е фабрика.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #17 на: 09 Јули 2024, 18:14:07 pm »
Ристо, со здравје да се вози.

за навлаки, тука е @Carpathian Lord . Он ќе ве суреди сега.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #18 на: 09 Јули 2024, 22:58:43 pm »
Навлаки и "кондом" на волан Х

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #19 на: 10 Јули 2024, 13:10:20 pm »
Честито, со здравје да се возе низ Велесот па и пошироко, веќе ретко се наоѓа добар примерок од оваа серија, кешки да може секој да си купе тоа шо посакува. 😁 Налепниците ако беа фабрички јас би ги оставил, оти ептен одговараат на периодот од кога е колата, ама добро, тоа е прашање на вкус. 😁

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #20 на: 10 Јули 2024, 16:06:39 pm »
https://carsandbids.com/auctions/KV6GxWQK/1996-honda-prelude-vtec

Јас ова го сакам многу од Хонда, кај Цујо во Ѓорче петров, до пред скоро седеше една. Црвена.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #21 на: 10 Јули 2024, 18:22:13 pm »
https://carsandbids.com/auctions/KV6GxWQK/1996-honda-prelude-vtec

Јас ова го сакам многу од Хонда, кај Цујо во Ѓорче петров, до пред скоро седеше една. Црвена.
Роберт Саздов уште ја вози зелената од пред 30 години :)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #22 на: 10 Јули 2024, 21:35:31 pm »
Епа ај да направам една тема и за ЕГ-то.

После една пропуштена шанса пред неколку години за одлично сочуван Civic од оваа генерација, потајно мечтаев по некој примерок, но никако не испаѓаше добра понуда по огласите. Желбата стана уште поголема изминатово зимо, кога девојка ми ми прати слика, а воедно и остави ливче на примерокот што сега е мој.

Искрено не очекував дека сопственикот ќе ме бара, но по два дена добив повик од него. Направивме два-три реда муабет, но во тој момент колата не беше на продажба. После тој момент секојдневно ги следев сите страни за огласи кај нас, но залудно, се до една вечер кога добив порака дека колата е на продажба и ако сум заинтересиран да ѕвонам на бројот.

Бидејќи наредниот ден од кога ја добив пораката беше неработен ден, односно 1ви мај, на 2ри мај отидов за Гевгелија и си го остварив сонот.


Мора да признаам дека малку ти завидувам на ентузијазмот и за кадетот и за оваа. Искрено јас бев како тебе порано со ентузијазам и сега кога реално имам финансиска можност да си земам нешто од возилата што сум ги сакал како за хоби веќе немам желба ниту ми се замара со тоа. Дури ни кадетот со години не сум го возел.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #23 на: 11 Јули 2024, 19:06:16 pm »
.

Навлакиве е прашање дали воопшто биле извадени од кога се ставени, а сигурно беа ставеми многу одамна (беа нешто со хонда лого или букви не се сеќавам). Среќа седиштата немаа никакво оштетивање па да ги прикривале со навлаките.

Честито, со здравје да се возе низ Велесот па и пошироко, веќе ретко се наоѓа добар примерок од оваа серија, кешки да може секој да си купе тоа шо посакува. 😁 Налепниците ако беа фабрички јас би ги оставил, оти ептен одговараат на периодот од кога е колата, ама добро, тоа е прашање на вкус. 😁

Не ми се верува да беа фабрички, по интернет како што гледав нема ниту една со такви налепници. Е сега, колава веројатно е од увоз, има позади налепниште honda autohaus gablenz со истите бои од налепниците шо беа на страните, а исто има и оргинални теписонски патосници (врз кои имаше гумени се разбира 😀) на кои го пишува истото од налепницата
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #24 на: 23 Јули 2024, 16:56:21 pm »
Кратко видео од процесот на чистење:

https://www.instagram.com/reel/C9w-AczooSl/?igsh=b2d4NjRsaGxydWdm
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
  • Macedonia
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #25 на: 23 Јули 2024, 17:09:45 pm »
Кратко видео од процесот на чистење:

https://www.instagram.com/reel/C9w-AczooSl/?igsh=b2d4NjRsaGxydWdm

Браво. Убаво длабинско чистење си и удрил.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #26 на: 02 Август 2024, 13:08:31 pm »
Променети манжетни и десна долга спона. Следно да се смени ребрест ремен, па да се носат бандажите на powder coating.



Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic EG
« Одговори #27 на: 20 Октомври 2024, 19:37:09 pm »
Нема кузнее што ново, после 4 месеци стигнаа од алиекспрес нови гумички за педалите и сијалички за шалтаблата и вентилацијата. Се одлучив за амбер "wannabe vti" верзија на осветлување, фабрички е некоја жолто-бела верзија. Во меѓувреме ставив зимски гуми sava eskimo s3+ 175/70/13 на оргиналните бандажи, па здравје зимово ќе се средуваат озто за летни гуми.









Некоја рандом сликичка:



 
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i