Епа ај да направам една тема и за ЕГ-то.
После една пропуштена шанса пред неколку години за одлично сочуван Civic од оваа генерација, потајно мечтаев по некој примерок, но никако не испаѓаше добра понуда по огласите. Желбата стана уште поголема изминатово зимо, кога девојка ми ми прати слика, а воедно и остави ливче на примерокот што сега е мој.
Искрено не очекував дека сопственикот ќе ме бара, но по два дена добив повик од него. Направивме два-три реда муабет, но во тој момент колата не беше на продажба. После тој момент секојдневно ги следев сите страни за огласи кај нас, но залудно, се до една вечер кога добив порака дека колата е на продажба и ако сум заинтересиран да ѕвонам на бројот.
Бидејќи наредниот ден од кога ја добив пораката беше неработен ден, односно 1ви мај, на 2ри мај отидов за Гевгелија и си го остварив сонот.
Сега малце повеќе за колата. Се работи за петта генерација на Civic, произведен 1994 година. Погонуван од 1.3 16v мотор. На километражникот пишува 192 000 километри, дали се точни поима немам.
Од опрема има само серво волан, но тоа и не ми е толку битно. Битно ми е дека колата е каросериски здрава, односно нема нигде скапаници.
Планови за во иднина:
- Мал и голем сервис иако предходниот сопственик ми кажа дека е тоа средено
- Хемиско (веќе направено)
- Подвозјето да се претресе и да се замени се што треба
- 15" алуминиумски бандажи на кои ќе одат нови 195/50/15 летни гуми
- Зимски гуми 175/70/13 на оргиналните бандажи
- Eibach pro kit -30мм спирали
- Фарбање и монтирање на клима во далечна иднина
Првата слика од зимото:
На пат кон дома:
Прво перење, после ? години
Што е средено во меѓувреме:
Првото нешто што го направив беше одлепување на налепницте што беа залепени од двете страни на возилото.
Пред:
Потоа:
Бидејќи од опрема нема ништо, немаше ниту табла со обртомер. Набавив табла со обртомер на која и го преместив мојот километражник за километрите да останат исти.
Пред:
Потоа:
На поклон добив OZ Superturismo 15" бандажи, кои моментално се испескарени.
Исто така на поклон добив и радивце, па старото кое не одговараше со колата го заменив со ова.
Пред:
Потоа:
Некоја бонус слика:
Деновиве правев хемиско во домашни услови, но за тоа во следниот пост