Автор Тема: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин  (Прочитано 2945 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #15 на: 10 Март 2024, 15:20:00 pm »
Што бидна со колата?

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #16 на: 21 Март 2024, 03:07:34 am »
Што бидна со колата?

За среќа најдов човек што се занимава со продажба на GM делови на старо/ново, ги купив потребните црева од него (истите кои што требаше мојата кола да ги има, но поради некоја непозната причина ги немаше), со помош на автомеханичар вметнавме таму каде што треба и сега се си е океј.  :)

Нешто што ми е тотално нејасно, е тоа што самата инсталација на плин си нема никаква врска со отсуството на тие црева. Никогаш нема да дознаам зошто беше така оставен моторот да шмукува "див" воздух без причина, и притоа толку да биде запоставен моторот од страна на човек кој што најнормално редовно ја возел - почнува глава да ме боли кога размислувам за тоа.  :D

Со помош на андроид апликација наречена Fuelio, дознав дека колата ми троши 12.2 литри градска (плин). Ваљда тоа е очекувана потрошувачка кога колата работи на плин?

Имам уште еден проблем кој што не знам дали е голем или мал, но прилично иритирачки. Секогаш кога доаѓам до ситуација кога треба да запрам со колата, дали на пешачки, раскрсница, семафори итн... доколку кумплунгот го претиснам наеднаш (ако колата вози на плин во моментот), моторот едноставно се гасни, и морам повторно да го запалам. Тоа не ми се случува кога возам на бензин. Затоа сум приморен при запирање, кумплунгот да го притискам полека и нежно, се додека не го притиснам до доле.
Не знам што е проблемот, бев веќе кај сервисер за плин и неговото објаснување беше дека причината била староста на моторот, и дека немало некое решение. Јас пак мислам поинаку - можеби сум грешка, ама мора да постои некое решение. Се возев во Seat Leon 2007 (63kw) на еден мој пријател, и истиот автомобил има поминато над 200.000км на плин и го нема тој проблем. Едноставно автомобилот си вози како што треба, не прави чудни звуци.

Исто така, размислувам да ги менувам и свеќиците, па да видам дали и тоа би можело нешто да подобри околу однесувањето на моторот.
И како за крај, сега во април за прв пат ќе ја регистрирам во моја сопственост.  :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #17 на: 21 Март 2024, 06:39:13 am »
За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #18 на: 21 Март 2024, 07:27:35 am »
Има еден штос
Ако работи на бензин убаво но не и на плин, логично ќе рече човек дека е до плинскиот уред, ама штосот е во тоа што плинот е поосетлив на некоја неправилност (кабли, свекици, карбуратор, филтер итн).
Затоа плинарите велеа дека се мора да биде беспрекорно за да работи убаво на плин, па затоа неретко се случуваше да те вртат во круг електричари, механичари, плинари :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #19 на: 21 Март 2024, 07:40:44 am »
Во овој крај нема плинари,колите на плин може на рака да се избројат.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #20 на: 21 Март 2024, 09:16:06 am »
Менување свеќици на 20.000км и тоа квалитетни и кабли најдобри на пазар што ќе најдеш.

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #21 на: 28 Март 2024, 17:49:06 pm »
За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Новости: Денес возев нешто низ градот и одеднаш колата при забрзување почна цела да се тресе напред-назад, како да сакаше моторот да избега од колата, беше прилично агресивно тресење, а и воедно плинот ми изгасна, па на бензин ја возев до автомеханичар. Тој ја провери, заедно влеговме во колата. Извозивме неколку круга и воочивме дека нешто е проблем со плинот. Јас веќе имав намера да ја носам на плинар, ама кога се појави овој проблем, си реков ајде ќе ургирам, мора некако да се реши ова.
Но, во еден момент, автомеханичарот реши да ја стави во рикверц, и се слушна еден грозен звук -  како да се резбат два зупчаници еден со друг. Кога го слушнавме тој звук, автомеханичарот ми рече дека морам да сменам сет ламела, оти веќе била при крај, исто така осетил дека кумплунгот бил "млитав" и дека за најскоро време ќе требало да ја смениме. Го прашав уште колку километража од прилика би ми дал тој пред да ми откаже ламела, па да ми растури цел менувач - тој ми даде околу 100тина километри. Го прашав за цена и ми рече дека околу над 200 евра ќе ме кошта сет ламела заедно со работна рака  :(

Од кај него, одма отидов кај плинарот, почна да ја разгледува колата, ја тестираше ово-оно, и при тестирање му изгасна плинот, а на моменти вртежите паѓаа и до 200 RPM (цела шасија се тресеше), и воочи дека некоја си електроника, односно компјутерот заедно со цела електроника за плин ќе морала да се смени бидејќи животниот век им бил при крај. Го прашав за цена, и тој ми рече околу 250 евра заедно со работна рака.  :(

Првично сакав само да менувам свеќици, а и гледам дека предна десна гума редовно ми дише од 2.0 бари (2.1 фабричка спецификација) на 1.3 бари, па морам да ја помпам секоја недела на бензинска, па сакав да одам на вулканизер да видам како тој би ми помогнал... Но, сега овие проблеми толку ме погодија, како да сум бил во ринг со Мајк Тајсон, а воедно на 13ти Април ми истекува регистрација, па морам да ја регистрирам, секако не ми бегаат 180-200 евра и за тоа...

Дополнително, сигурно на секому му се погодувало некогаш да е во зафркната финансиска ситуација, што токму на мене сега ми се погоди овие месеци (работам како фотограф, но нов сум во полето, така да примањата не се секогаш редовни, спротивно од тоа што го мисли множината околу луѓето кои се занимаваат со фотографство).

Ако продолжам така, најверојатно ќе постигнам рекорд на форумов за најзафркнат автомобил, ако и не сум го постигнал веќе.  :-X

Би пишувал повеќе, но ова не е форум за психијатрија туку за автомобили, но прилично ме здоболе срцето од толку финансиски проблеми.  :-\

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #22 на: 28 Март 2024, 18:16:04 pm »
Мене ми личи дека си останал без плин.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #23 на: 28 Март 2024, 18:21:45 pm »
Си купил неодржувана кола, односно, "крпена" кола за поефтино да дојде. Јас би ти рекол, да ја однесеш во визбегово, има едни мајстори, само даеву/шевролет чепкаат. Да слушнеш мислење и од нив.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #24 на: 28 Март 2024, 18:23:49 pm »
Бис Моторс.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #25 на: 28 Март 2024, 18:32:21 pm »
За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Новости: Денес возев нешто низ градот и одеднаш колата при забрзување почна цела да се тресе напред-назад, како да сакаше моторот да избега од колата, беше прилично агресивно тресење, а и воедно плинот ми изгасна, па на бензин ја возев до автомеханичар. Тој ја провери, заедно влеговме во колата. Извозивме неколку круга и воочивме дека нешто е проблем со плинот. Јас веќе имав намера да ја носам на плинар, ама кога се појави овој проблем, си реков ајде ќе ургирам, мора некако да се реши ова.
Но, во еден момент, автомеханичарот реши да ја стави во рикверц, и се слушна еден грозен звук -  како да се резбат два зупчаници еден со друг. Кога го слушнавме тој звук, автомеханичарот ми рече дека морам да сменам сет ламела, оти веќе била при крај, исто така осетил дека кумплунгот бил "млитав" и дека за најскоро време ќе требало да ја смениме. Го прашав уште колку километража од прилика би ми дал тој пред да ми откаже ламела, па да ми растури цел менувач - тој ми даде околу 100тина километри. Го прашав за цена и ми рече дека околу над 200 евра ќе ме кошта сет ламела заедно со работна рака  :(

Од кај него, одма отидов кај плинарот, почна да ја разгледува колата, ја тестираше ово-оно, и при тестирање му изгасна плинот, а на моменти вртежите паѓаа и до 200 RPM (цела шасија се тресеше), и воочи дека некоја си електроника, односно компјутерот заедно со цела електроника за плин ќе морала да се смени бидејќи животниот век им бил при крај. Го прашав за цена, и тој ми рече околу 250 евра заедно со работна рака.  :(

Првично сакав само да менувам свеќици, а и гледам дека предна десна гума редовно ми дише од 2.0 бари (2.1 фабричка спецификација) на 1.3 бари, па морам да ја помпам секоја недела на бензинска, па сакав да одам на вулканизер да видам како тој би ми помогнал... Но, сега овие проблеми толку ме погодија, како да сум бил во ринг со Мајк Тајсон, а воедно на 13ти Април ми истекува регистрација, па морам да ја регистрирам, секако не ми бегаат 180-200 евра и за тоа...

Дополнително, сигурно на секому му се погодувало некогаш да е во зафркната финансиска ситуација, што токму на мене сега ми се погоди овие месеци (работам како фотограф, но нов сум во полето, така да примањата не се секогаш редовни, спротивно од тоа што го мисли множината околу луѓето кои се занимаваат со фотографство).

Ако продолжам така, најверојатно ќе постигнам рекорд на форумов за најзафркнат автомобил, ако и не сум го постигнал веќе.  :-X

Би пишувал повеќе, но ова не е форум за психијатрија туку за автомобили, но прилично ме здоболе срцето од толку финансиски проблеми.  :-\

Е пријателе драг ова што поминуваш многу го поминале во животот со патешествије наречено автомобил, денот го проколнувам кога на некој му текнало плин да вградува во кола и тој/тоа што го измислил красни коли упоропастија за неколку години да луѓе ги доведоа во таква состојба во која што си ти , разграничи со животот и плин да не ти влезе во двор а камоли да возиш и ниту пак ни плинско нургаз да не видиш нема фајде од тоа само маки нервози и проблеми и празнење на џеб.Првин смири се ако пушиш не пали цигари пушти едно музиче исклучи светла и размисли зошто возам кола на плин? што ке уштедам кога само имам проблеми со кола на плин зошто да давам пари безпотребно мојот живот зар вреди толку за една кола да се нервирам и плинот во нејзе што ми го животот осакатува собери храброст и каже не за плин во кола,и откачи тоа и да останеш неколку месеци без кола не е крај на свет собери некое париче земи си бензинче бс 95 натанкаш и си мирен без оглед колку и да ти е буџет за се има решение ако имаш храброст и одлучност.Мој совет не си единствен со кола на плин и симптоми кои ги имаш од возењето на плин кола ништо нема уштедиш собери си паричка и да си без кола подолог период земи си нешто асално и да си безгрижен верувам нема да имаш исти тегоби како од плин на кола/во останатите сфери на живот никој нема право да се меша.
Издржи/срекно!!

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #26 на: 28 Март 2024, 18:35:51 pm »
За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Новости: Денес возев нешто низ градот и одеднаш колата при забрзување почна цела да се тресе напред-назад, како да сакаше моторот да избега од колата, беше прилично агресивно тресење, а и воедно плинот ми изгасна, па на бензин ја возев до автомеханичар. Тој ја провери, заедно влеговме во колата. Извозивме неколку круга и воочивме дека нешто е проблем со плинот. Јас веќе имав намера да ја носам на плинар, ама кога се појави овој проблем, си реков ајде ќе ургирам, мора некако да се реши ова.
Но, во еден момент, автомеханичарот реши да ја стави во рикверц, и се слушна еден грозен звук -  како да се резбат два зупчаници еден со друг. Кога го слушнавме тој звук, автомеханичарот ми рече дека морам да сменам сет ламела, оти веќе била при крај, исто така осетил дека кумплунгот бил "млитав" и дека за најскоро време ќе требало да ја смениме. Го прашав уште колку километража од прилика би ми дал тој пред да ми откаже ламела, па да ми растури цел менувач - тој ми даде околу 100тина километри. Го прашав за цена и ми рече дека околу над 200 евра ќе ме кошта сет ламела заедно со работна рака  :(

Од кај него, одма отидов кај плинарот, почна да ја разгледува колата, ја тестираше ово-оно, и при тестирање му изгасна плинот, а на моменти вртежите паѓаа и до 200 RPM (цела шасија се тресеше), и воочи дека некоја си електроника, односно компјутерот заедно со цела електроника за плин ќе морала да се смени бидејќи животниот век им бил при крај. Го прашав за цена, и тој ми рече околу 250 евра заедно со работна рака.  :(

Првично сакав само да менувам свеќици, а и гледам дека предна десна гума редовно ми дише од 2.0 бари (2.1 фабричка спецификација) на 1.3 бари, па морам да ја помпам секоја недела на бензинска, па сакав да одам на вулканизер да видам како тој би ми помогнал... Но, сега овие проблеми толку ме погодија, како да сум бил во ринг со Мајк Тајсон, а воедно на 13ти Април ми истекува регистрација, па морам да ја регистрирам, секако не ми бегаат 180-200 евра и за тоа...

Дополнително, сигурно на секому му се погодувало некогаш да е во зафркната финансиска ситуација, што токму на мене сега ми се погоди овие месеци (работам како фотограф, но нов сум во полето, така да примањата не се секогаш редовни, спротивно од тоа што го мисли множината околу луѓето кои се занимаваат со фотографство).

Ако продолжам така, најверојатно ќе постигнам рекорд на форумов за најзафркнат автомобил, ако и не сум го постигнал веќе.  :-X

Би пишувал повеќе, но ова не е форум за психијатрија туку за автомобили, но прилично ме здоболе срцето од толку финансиски проблеми.  :-\
Од кај си? Да ти дадам број од салам луѓе....

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #27 на: 28 Март 2024, 19:06:56 pm »
Strumica 😁

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #28 на: 28 Март 2024, 19:42:56 pm »
И јас осеќам дека некој го лажи, смени мајстори, куплунг нема шанси да ти откажи за 100 километри, посебно кај ваква лесна кола, јас кај што возам delivery на тојота ајго 1 година грчи при ставање во рикверц и се вози душмански па уште нема откажано. Терај дури влегува во брзина.

Исто и за тоа со плинот и 250€ за поправка, најди си друг плинар и не му го спомнувај тоа што ти го кажале, едноставно остави сам нека дијагностицира.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #29 на: 28 Март 2024, 19:49:39 pm »
Пробва да те заколи и плинаро и механичаро. Смени си кабли, напрај редовен сервис на плинот филтри и да се провери мапата. Се репарира и расплињача ако е до не проблемот.
Среди ова, па регистрација и после кумплуг.