Клабери да не разводнуваме.
1. Колата имала три дефекти. (Се надевам дека уредно ги чува сите налози за работа, се надевам со потпис и печат)
2. Се праќа меил до Хјундаи, каде има се жали за лошиот избор на возило, со барање да или му го заменат со ново или вратат пари, известен во рок од 5 работни дена
3. Инсистирање на секаква комуникација по е-меил.
4. Бидејќи очигледно дека нема да сакаат, следно пополнува образец од ДПИ, оди директ таму со копии од се и толку. Ако му уважат, нека бира што сака пари или возило ново, ако не, ќе ги малтретира по сервиси
Патем, во Законот си стои убаво, во случајов бидејќи се работи за нешто што е потребно за секојдневна работа, должни се да му дадат заменско возило.
Доволно куца на форум, нека испечати Закон, нека седне и прочита, да си знае што права има. Ако не се снајде, има адвокати што работат.
Патем една може потенцијална заебанција, Хјундаито, од лагер го зема или по нарачка?