Со неа возев постојано, супер работи и е доста точна. Кога доаѓа знак со ограничување плус или минус од зададената брзина на темпомат со еден клик може да се стави брзината според знак. На сликата се гледа дека ми нуди со едно притискање надоле да ја ставам на 60 колку што е ограничување на тој дел во магла или снег. Имав хотспот од телефон и прикажува трафик, и без интернет има многу информации, локали, знаменитости паркинзи и слични точки. Немам замерки. Компасот од десно, тој дел може да се менува, да дава временска прогноза, саат, радио и други кратенки, го пуштив да видам надморска висина затоа што знам дека војводина е рамна сум ја возел многу пати, а потрошњата никако да падне под 9 после танкирање.
Друга работа поврзана со мултимедијата е дигиталниот радио сигнал што го имаа некои српски станици, звукот е во пати подобар наспроти ФМ приемникот.
Sent from my iPhone using Tapatalk