Автор Тема: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ  (Прочитано 6852 пати)

Отсутен NUME

  • Модератор
  • Сениор
  • *****
  • Пораки: 5699
МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« на: 29 Септември 2023, 15:57:50 pm »
Поздрав дечки/форумџии/клабери/колеги како сакате  :)
Да го претставам сервисот за услуги за оние кои сакаат да купат половно моторно возило или да си го проверат возилото кое го поседуваат, без разлика дали е автомобил, пик ап, комбе, сув итн.
Во Турција се водат oto expertız, ги има околу 400, некои се со лиценца/франшиза, реткост е купување на возило без преглед во нивниот сервис, даваат извештај за сработеното, сработениот извештај е непристрасен, без разлика дали се работи за продавач или купувач и истиот е заверен од нотар (кај нас не е та случај) и претставува гаранција за состојбата во кое е возилото при купување, заштитувајќи го првенствено купувачот  од превари и овозможувајќи му да го добие максимумот за своите пари. Не се навлегува во изборот на купувачот, негово е дали сака да се ценка да го земе возилото, но со извештајот ќе знае уште колку ќе треба да вложи за да возилото биде технички исправно.
Кај нас доагаат како почетна точка, и од тука ке се шири понатаму мрежата низ регионот.
Услугата опфаќа проверка на боја на каросерија во светлосен тунел, проверка на подвозје, проверка на моторски дел, дијагностика на мотор, проверка на реална километража, проверка на ентериер, проверка на предница, задница, кочници, амортизери и реална сила на мотор на динамометар кој е за возила на задна, предна и влеча на сите 4 тркала.
Услугата е промотивна до 15-10-2023 и изнесува 3000 денари за комплетна проверка, понатаму ке има неколку пакети за бирање на услуги, но и тие ќе бидат оформени за сечиј џеб.
Ова се некои од линковите на кои може повеќе да се информирате

https://www.carclub.mk/2023/09/22/zapocnuva-so-rabota-mk-auto-ekspertiz-nov-centar-za-celosna-evaluacija-i-inspekcija-na-vozila/
https://www.instagram.com/mk.auto.ekspertiz/
https://www.facebook.com/mk.auto.ekspertiz
https://mkautoekspertiz.mk/


Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6838
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #1 на: 29 Септември 2023, 17:42:37 pm »
Одлично што има вакво нешто и кај нас.


И како тргнала работава, не е само за половни возила, изгледа ќе мора и нови пред да ги купиме тука да ги носиме на проверка.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #2 на: 29 Септември 2023, 19:18:11 pm »
3000 ден. воопшто не е скапо за целосна проверка на половно возило од  €10.000+ со никаква историја. Сервисов плус кар вертикал веќе може да му понуди на потенцијалниот купувач каква-таква сигурност...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43244
  • Il Moderatore
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #3 на: 29 Септември 2023, 19:37:26 pm »
@NUME треба закажување, или директ таму се завршува бизнисот? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13312
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #4 на: 29 Септември 2023, 22:22:17 pm »
Како форумџии бараме само преку ред ако може 😄

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3526
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #5 на: 29 Септември 2023, 23:18:02 pm »
Дали сте отворени за соработка само за dyno мерења?
И која е цената само на dyno тестирање (се работи за над 10 возила)?
Пишувам тука бидејќи колегите Ваши не ми одговорија конкретно на тоа прашање, туку ми го понудија промотивниот пакет.

Отсутен NUME

  • Модератор
  • Сениор
  • *****
  • Пораки: 5699
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #6 на: 30 Септември 2023, 08:15:33 am »
Se zakazuva termin, se doaga so isprano vozilo, za da ne se ceka i da ne se pravi guzva se zakazuva termin, po 1 cas trae proverka, go cenime vaseto vreme, kafeto i sokot se besplatni dodeka se ceka, ima 65 incen monitor na koj se gleda na kamera vo servisot kako se raboti vaseto vozilo, ako ima potreba ke ve vikneme da vi pokazeme nesto specificno.
Za dyno merenja ima ogromen interes, moze da sw prisustvuva i da se slika/snima vo poslednata hala ima mesto, zastana i eden decko od kosovo so 5 vozila koi sakaat merenje, prasuvase za cena, zastana i od gjorce eden trkac za cena i eden decko sto sakase nekolku merenja so online remap da napravi od grcija, fakticki pred i posle remap  merenja .... Generalno gi pravi gazdata cenite, ima i samo realna kilometraza sto sakaat i samo dali i kade e udirana i farbana kolata...specificna rabota e, treba da se vnese sifra vo fiskalna i sl, zatoa ke bidat paketite vrzani so uste nekoja proverka za da ja opravdaat cenata, momentalno ako dojdat poveke vozila za dyno ke vidam da dogovoram 2 za 3000, za posle 15 ti seuste ne znam.
Mora da se ispravni vozilata imavme tuareg so greska vo bezbednosni sistemi i problem so zadno levo trkalo nekoj senzor, ne se isklucuvase esp sistemot i ne mozese da se proveri dynoto,i eden ford ponov ne se isklucuvase isto esp, se bunese ecu zasto ne se dvizat zadnite trkala, ne se napravi i na nego test...

« Последно менување: 30 Септември 2023, 08:29:32 am NUME »

Отсутен NUME

  • Модератор
  • Сениор
  • *****
  • Пораки: 5699
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #7 на: 30 Септември 2023, 08:33:56 am »
3000 ден. воопшто не е скапо за целосна проверка на половно возило од  €10.000+ со никаква историја. Сервисов плус кар вертикал веќе може да му понуди на потенцијалниот купувач каква-таква сигурност...
Realno ako e voziloto 2010, odrzavano do 2018ta, mnogu golem vremenski period e vo koj ne se znae sto i dali e menuvano... sluzbenata mi e 2016ta, zemena od autoweld kocani, 108 000km, posleden servis mi izvadija deka bil praven 2019ta, vo grad na test bese ok, koga ja vozev na otvoren pat nakaj skopje pocna da mi buci menuvacot...

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #8 на: 06 Октомври 2023, 11:28:42 am »
Само да пишам искуство со МК Ауто Експертиз од средата, морам да ве пофалам и за односот и за услугата. Ретко добиваш во било кој сервис вакво гостопримство, плус проверката и извештаите беа неверојатно детални, па си добив слика шо се ме чекат на колата во наредниве неколку месеци. Едино ми е криво што не успеавме да направиме dyno run, по кривица на колата а не на сервисот, бидејќи не дозволи да се исклучи ESPто освен со вадење на осигурач, што мене лично не ми се чепкаше.

Се на се, 10/10 искуство, не мислам дека би купил кола на старо во иднина без комплетна проверка кај вас.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1550
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #9 на: 21 Октомври 2023, 20:46:26 pm »
Здраво, ме интересира дали овозможивте опции како на пример имам потреба од проверка само на амортизери и колку би коштало, доколку го имате како опција?

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 161
    • MVP Ring
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #10 на: 22 Октомври 2023, 01:49:30 am »
Здраво, ме интересира дали овозможивте опции како на пример имам потреба од проверка само на амортизери и колку би коштало, доколку го имате како опција?
Проверка на амортизери и подвозје е бесплатно на технички колку што знам.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен NUME

  • Модератор
  • Сениор
  • *****
  • Пораки: 5699
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #11 на: 15 Јануари 2024, 20:17:44 pm »
клабери, поради тоа што сеуште добиваме повици со прашања за продажба на гуми, глава за југо, продажба на возила, фарбање и други прашања кои немаат врска со нашата дејност, иако имаме објавено видеа и слики на фејсбук и инстаграм, моравме да направиме и едно видео со објаснување на постапката и услугата која ја нудиме, нашата цел и начин на кој им помагаме на клиентите да го одберат возилото кое сакаат да го купат, и да знаат колку ке чини истото да се доведе во технички исправна состојба, или доколку имаат возило да дознаат во која состојба е истото и што треба да се сервисира за да биде технички исправно. се надевам дека работите ке бидат малце појасни....можеби е малце со лош звук и не е баш профи, битно ни е да разберат луѓето што работиме за нивен бенефит, сите предлози и критики се добродојдени


Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
    • nobrain.dk
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #12 на: 15 Јануари 2024, 22:24:44 pm »
Bravos!


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • ѓерманиа
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #13 на: 16 Јануари 2024, 02:41:03 am »
Роџак, шо критики, па и ти...

Едвај чекам да ги донесам и двете, туку пусто време немање...

Би фрлил само едно прашање.

Што ако случајно се најдам во реонот и се јавам за проверка истиот ден - дали тоа би било воопшто изводливо, макар чекал час-два, што не ми е проблем...
Повеќе ми е проблем да одредам точен датум и време, инаку до сега два пати ќе дојдев...
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен NUME

  • Модератор
  • Сениор
  • *****
  • Пораки: 5699
Одг: МК АУТО ЕКСПЕРТИЗ, ДЕЈНОСТ И УСЛУГИ
« Одговори #14 на: 16 Јануари 2024, 11:55:50 am »
јави се ти кога сакаш ќе ја ујдисаме, барем саат два претходно, едно возило во зависност од состојба проверуваме од 50тина минути до час и 20, ке ја наредиме