Автор Тема: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH  (Прочитано 1639 пати)

Отсутен viktor_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« на: 19 Мај 2023, 18:20:43 pm »
Здраво,

Не најдов слична тема во форумов, затоа ја отворам оваа.

Имам Insignia (2015) веќе 9 месеци и моментално има 152000km, правев муабет со еден другар за најчести проблеми со моторите 2.0 cdti и како овие мотори имале фатална мана со oil pickup seal/gasket или на српски ко што прочитав gumicu uljne pumpe (не знам како е на македонски точно  ;D слики подолу од како изгледа и каде се наоѓа). Имено, проблемот кај овие е што со тек на време таа гумица се стврднува и не овозможува доволно запечатување па влагало воздух и после тоа настрадува моторот, на интернет наидов на многу примери со овој проблем.

Кога ќе покаже low oil pressure веќе било касно, па ме интересира некој дали има искуство со ова (боље спречити него лечити)? Кај мене нема ништо досеа покажано и се изгледа во ред ама и најверојатно никогаш таа гумица не е сменета. Размислувам за превентивно менување затоа што ме мачи на ум  :-\ 


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #1 на: 19 Мај 2023, 18:50:27 pm »
Smeni ja stom e taka rabotata. Na sleden redoven servis karter dolu i promena. Za konkretniot motor neznam ama na golemi motori od kamioni i bageri sum go gledal problemot. Pumpata vlece vozduh i ne pravi dovolno pritisok

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5914
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #2 на: 19 Мај 2023, 20:15:36 pm »
Менувај го превентивно.
Статистички од 160.000-225.000км. се случува тој проблем и доаѓа до оштетување на моторот.
На change.org имаше потпишано петиција да се направи recall за тоа и во овластен сервис на опел да го сменат бесплатно, но за жал тоа беше неуспешно.
Еве ти тука повеќе околу тој проблем:
https://www.drive2.ru/parts/gm/55589549/B9bkAEAGQBc

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #3 на: 19 Мај 2023, 23:34:05 pm »
Мојата Инсигниа со истиот мотор го имаше овој проблем. 2014та произведена и прв пат го јавила овој проблем на 60000 км. Сменета у Олимпија  сосе каиш и затегач за 43000 денари. Јас ја земав со 76000 км и кај мене дур беше не пројави мака.

СМЕНИ ЈА ГУМИЦАТА ОБАВЕЗНО!!!
И рачунај дека ќе треба да ја менуваш (мислам) на 50-60 илјади.

https://youtu.be/oI9fjwL5KmY

Добро ауто иначе.

Не беше ко Астрата на Нестор али ипак добро.





Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 19 Мај 2023, 23:57:39 pm Bravo »

Отсутен viktor_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #4 на: 20 Мај 2023, 00:27:21 am »
Ви благодарам на инфо, нареден редовен сервис ја менувам. Во Олимпија и мојата ја сервисирам, така да супер.

На ова видео се предлага некоја алуминиумска замена со која демек се решава проблемот засекогаш
https://www.youtube.com/watch?v=YodjEK7TOW8

https://www.ebay.co.uk/itm/394499086798

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #5 на: 20 Мај 2023, 11:50:42 am »
Искуство од „прва рука“:
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,17557.msg1236869.html#msg1236869
Менувај што побрзо, тоа дизелите се распаѓале лесно :)
« Последно менување: 20 Мај 2023, 13:28:45 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #6 на: 20 Мај 2023, 16:53:11 pm »
Кај мене не беше од прва рука, ама колата ја земав од пријател така да деталите се тие.

Ете имало и долгорочно решение, seems legit.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #7 на: 20 Мај 2023, 18:01:44 pm »
Кај мене не беше од прва рука, ама колата ја земав од пријател така да деталите се тие.

Ете имало и долгорочно решение, seems legit.


Sent from my iPhone using Tapatalk
За дизелите можда вреди, за бензинциве веројатно е доволно еднаш на 150к да се смени семеринг. Штом сам го средив, ако ја чувам колата наредни 150К, пак ќе го сменам...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #8 на: 25 Мај 2023, 09:37:24 am »
Процедурално да прашам, на ист принцип е решено ова и кај 1,5 дци, односно псотои истиот потенцијален проблем? Да знам да им спомнам на нареден сервис мада до сега не сум имал ситуација да ми се упали „oil presure low“, да чукнам во дрво
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13924
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #9 на: 25 Мај 2023, 10:24:12 am »
Да се чуди на инженерскиот ум на одредени инженери.

Отсутен viktor_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #10 на: 25 Мај 2023, 12:53:59 pm »
Процедурално да прашам, на ист принцип е решено ова и кај 1,5 дци, односно псотои истиот потенцијален проблем? Да знам да им спомнам на нареден сервис мада до сега не сум имал ситуација да ми се упали „oil presure low“, да чукнам во дрво

Мислам дека не, овој проблем постои само кај 2.0 CDTI моторите.

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Opel Insignia 2.0 cdti A20DTH
« Одговори #11 на: 25 Мај 2023, 16:53:22 pm »
Здраво,

Не најдов слична тема во форумов, затоа ја отворам оваа.

Имам Insignia (2015) веќе 9 месеци и моментално има 152000km, правев муабет со еден другар за најчести проблеми со моторите 2.0 cdti и како овие мотори имале фатална мана со oil pickup seal/gasket или на српски ко што прочитав gumicu uljne pumpe (не знам како е на македонски точно  ;D слики подолу од како изгледа и каде се наоѓа). Имено, проблемот кај овие е што со тек на време таа гумица се стврднува и не овозможува доволно запечатување па влагало воздух и после тоа настрадува моторот, на интернет наидов на многу примери со овој проблем.

Кога ќе покаже low oil pressure веќе било касно, па ме интересира некој дали има искуство со ова (боље спречити него лечити)? Кај мене нема ништо досеа покажано и се изгледа во ред ама и најверојатно никогаш таа гумица не е сменета. Размислувам за превентивно менување затоа што ме мачи на ум  :-\

https://www.forum.hr/showthread.php?t=503414&page=116

Не знам дали е дозволено линкови од други форуми, ама отприлика овде објаснуваат за проблеми со тие мотори и најверојатно биле до 2012, па после ги решиле. Е сеа како што викаат за мирна глава можеби најдобро да се замени.