Автор Тема: 2011 Renault Megane RS250  (Прочитано 11035 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #45 на: 07 Март 2023, 10:15:27 am »
Гумите монтирани, нема веќе никакво тресење.

Денес и добри и лоши вести, стигнаа 2 пратки - првата се спиралите од Cooksport, сеа само ќе чекаат термин за монтирање.



Втората вест е што стигна овој прекрасен RS shift knob од ибеј, несреќа во среќа е што ми пратиле за 5 брзински мењач за Clio RS... Ќе го вратам овој, во меѓувреме нарачав нов исправен директ од Рено RS Performance сајтот.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #46 на: 07 Март 2023, 11:15:47 am »
Кои гуми успеа да ги решиш за 9 месеци, шчо правиш со колата чоек :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #47 на: 07 Март 2023, 11:31:47 am »
Кои гуми успеа да ги решиш за 9 месеци, шчо правиш со колата чоек :)

Јас ништо, претходниот газда.  ;D една сезона беа стари ко што знам и околу 5000км на нив, General Altimax One S. Мислам јасно ми е зошто, само треба многу пати да ја згазиш од стоење за да се деси тоа

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #48 на: 09 Март 2023, 22:20:30 pm »
Денес едно возење до Кичево и назад, да регистрирам и да променам сопственик, и нажалост таблици (жалам @zeroSignal , мора НМК  :'( ).

После 200км напред назад по автопат и по планински пат (прво возење на отворено со колава, и притисната до максимум), можам да сумирам каква е колава и како се понаша.

- На автопат е многу досадна, и на моменти нервира - гласна, плус само 6 брзини нели па на 140-150 км/ч си веќе на 3000 вртежи, што допринесува за гласноста. Бидејќи звучната изолација е минимална, реално е непријатно да се возиш на долг пат по автопат и затоа не ни извадив зелен картон пошто не ми е во план да патувам подолго од 3 саати со неа. Во споредба со БМВто, кое покрај поголем мотор кој работи далеку помазно на ниски обртаи има и 8 брзински автоматски, што значи на 140-150 лагано си тера во 8ма на 1500 вртежи. Далеку поквалитетен ентериер и подобра изолација го прават уште поудобно.

- Е сеа идеме до Стража, или било кој пат со многу кривини кај што има често менување на брзина, кочење забрзување, и колава тука сериозно заживува - особено во кривина. Има НЕНОРМАЛНО многу грип, лепи како на шина да е и слободно може да ја шибнеш со 100 во кривина и нема ни да мрдне. Давам гас во кривина и иде момент кај што си викам “Готово, сеа почнува understeer“ од искуство со други FWD коли, ама не - оваа продолжува да влече. Вртењето е предиректно, има многу повеќе фидбек отколку тоа на БМВто иако и двете имаат електронска летва, на Меганот се осеќа како да е good ol' хидраулична. Колава обожава да иде на високи вртежи, и мислам немаше момент по Стража кај што ја симнав под 4000. Моторот влече скоро линеарно скрос до крај на вртежите, и не се осеќа воопшто turbo lag.

Меганот е дефинитивно многу потешка за возење и бара максимално фокус ако сакаш да ја возиш на високи брзини, ама и многу по-rewarding. БМВто можеш со една рака и нога без проблем колку сакаш да идеш.

TL;DR Скоро истите заклучоци како @marjanot за Џулиетата вс 430ката. 335ката моја е одличен grand tourer со спортски дух кога сакаш да го има, Меганот е хот хеч развиван за на стаза, за во кривина и на високи вртежи и едноставно не му се свиѓа ако не го возиш на сама граница.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #49 на: 13 Март 2023, 10:47:10 am »
Стигна точната глава за мењачот, ја сменив денес - рацете уште ме болат, 15 минути влечев пробувајќи да ја извадам старата. Фала Рено.

Старата:


Новата:

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #50 на: 13 Јули 2023, 16:16:05 pm »
Одамна нема ништо на темава, пошто немаше што да се пише  ;D денес си ја зедов од сервис после недела дена, и можам да се пофалам дека колата е конечно во целосно исправна состојба.

Направени промени

1. Сменета АБС пумпата, старата беше отидена, цена 40000 денари од кај @Prcot
2. Сменет АБС сензор од возачка страна, тој и најверојатно ја има направено бељата, цена 2500мкд
3. Ставени челични RenaultSport цевки за кочници - околу 90ина евра за цел сет директ од Рено
4. Сменета течност за кочници со Castrol SRF, цена 3150мкд од литар
5. Евакуација на фреон и полнење нов - 1500 денари
6. Сменети фабричките спирали со Cooksport спиралите што беа стигнати подолго време.

Сега конечно е во целосно функционална состојба и можам да се фокусирам на уште неколку надградби што ќе ги правам од септември/октомври таму. Нема уште многу останато за да ја доведам во идеална состојба.

Околу спиралите, падот беше 25мм и напред и назад. Од тие 5-6 километри што ја провозев низ град, воопшто не осеќам поголем проблем со дупки, напротив мислам дека подобро се справува со дупки и нерамнини. Фабрички ground clearance е 120мм, значи сега има 95-100мм додека легнат убаво спиралите, и комотно можам да кажам дека немам никаков проблем возејќи низ Скопје. Во кривина дури и на мали брзини 50-70км/ч има осетно намален body roll. Така да, 10/10, вредеше замарањето да се донесат од Британија.  ;D

Еве некоја слика со новите спирали, нажалост немам свежа слика од пред да се сменат, ќе мора да скролнете назад низ темава








Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #51 на: 13 Јули 2023, 16:16:18 pm »
И да, за перење е. Вечер тоа  ;D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #52 на: 13 Јули 2023, 16:24:13 pm »
Порн како легнала, вака од фабрика треба да искача, одлично испаднало само мерак да прави

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #53 на: 14 Јули 2023, 13:20:47 pm »
Порн како легнала, вака од фабрика треба да искача, одлично испаднало само мерак да прави

Вака отприлика излага од фабрика ако е со Cup шасија :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #54 на: 15 Јули 2023, 17:22:00 pm »
Два дена покасно, ептен легнаа спираливе :) досеа поминав некои 20-30 километри низ Скопје, влегов/излегов на паркинг поткачен преку тротоар, нема фатено ништо. Така да, тие што се плашеа/мислеа за дупки и слично, немате гајле


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #55 на: 15 Јули 2023, 22:21:50 pm »
Sleeper, какви бемвиња, аудиња и мерцедеси ќе останат позади ова ренолчето, ако се залажат на семафор  :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #56 на: 16 Јули 2023, 03:30:23 am »
Sleeper, какви бемвиња, аудиња и мерцедеси ќе останат позади ова ренолчето, ако се залажат на семафор  :)

На кривини ќе имаат проблем. Семафорот не е проблем за модерниве лимузини.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #57 на: 16 Јули 2023, 10:28:54 am »
Да, да, секоја втора модерна лимузина има 6 секунди до 100, секако.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #58 на: 16 Јули 2023, 11:47:54 am »
Да, да, секоја втора модерна лимузина има 6 секунди до 100, секако.

5.6 мерено од претходниот газда на полоши гуми. :) јас не сум стигнал да ја извадам на отворено и да измерам

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #59 на: 16 Јули 2023, 11:52:47 am »
Да, да, секоја втора модерна лимузина има 6 секунди до 100, секако.
abe dete ne se zanesuvaj so 0-100 na semafori 16 godini li imas