Одамна нема ништо на темава, пошто немаше што да се пише
денес си ја зедов од сервис после недела дена, и можам да се пофалам дека колата е конечно во целосно исправна состојба.
Направени промени
1. Сменета АБС пумпата, старата беше отидена, цена 40000 денари од кај
@Prcot 2. Сменет АБС сензор од возачка страна, тој и најверојатно ја има направено бељата, цена 2500мкд
3. Ставени челични RenaultSport цевки за кочници - околу 90ина евра за цел сет директ од Рено
4. Сменета течност за кочници со Castrol SRF, цена 3150мкд од литар
5. Евакуација на фреон и полнење нов - 1500 денари
6. Сменети фабричките спирали со Cooksport спиралите што беа стигнати подолго време.
Сега конечно е во целосно функционална состојба и можам да се фокусирам на уште неколку надградби што ќе ги правам од септември/октомври таму. Нема уште многу останато за да ја доведам во идеална состојба.
Околу спиралите, падот беше 25мм и напред и назад. Од тие 5-6 километри што ја провозев низ град, воопшто не осеќам поголем проблем со дупки, напротив мислам дека подобро се справува со дупки и нерамнини. Фабрички ground clearance е 120мм, значи сега има 95-100мм додека легнат убаво спиралите, и комотно можам да кажам дека немам никаков проблем возејќи низ Скопје. Во кривина дури и на мали брзини 50-70км/ч има осетно намален body roll. Така да, 10/10, вредеше замарањето да се донесат од Британија.
Еве некоја слика со новите спирали, нажалост немам свежа слика од пред да се сменат, ќе мора да скролнете назад низ темава