Сакам да купам астра гтц 2008 годиште, колата е купена од Македонија и ја купувам од прв газда. Сервисирана по маалски сервисери, вози мотор 1.4 бензин плин со поминати 145 000км.
Што муабети се вртат за астриве? Глеам србиве викаат единствена маана им било шо немале сила.
Ако сте возеле вакво количе пофалете го или ругајте го.
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Не го возам во ГТЦ, ама го возам.
130.000 имам поминато, само бензин. Редовни сервиси и ништо друго. Уље, може да потроши, ама од промена на промена (на 10.000 километри) до 300-400 милилитри. Ништо страшно.
Ако е менувано уље редовно, ланчето нема проблем. А и да има, 150 евра е све комплет, со работна рака. Снага - зависи кои ти се очекувањата. Ако мислиш дека ќе полеташ со тој мотор и коњажа, нема снага. Ако возиш нормално, нема никаков проблем.
Потрошњата, еве мене како ми е. Јес, исклучиво отворена е, но комбинирана е 7-7.5, градска макс 8-8.5...
Еве ти една каде 80-20 беше градска-отворено...
Мерено на полн резервоар, секој пат, се разбира...
Менувачот е F13 и со замена на уљето во него со квалитетно и адитивче, нема мака - под услов да е исправен.
Со електроника, пу, пу, 14 години, никаков проблем.
Тешка е колата за тој мотор, не е спорно. Но, ако не се изживувал некое детиште врз неа, ако има сервисна историја, go for it. И да треба нешто да се работи, не е страшно, пошто моторот е едноставен. Не е толку лош моторот, само треба да се користи согласно намената.