Автор Тема: Проблем при палење на колата  (Прочитано 1683 пати)

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Проблем при палење на колата
« на: 17 Јуни 2022, 15:28:47 pm »
Имам проблем при палење на колата неделава. Од прва пали со многу намалена снага па му доаѓа силата за некојансекунда или вергла па од втора пали нормално. Некој пат пали без проблем од прва нормално. Без разлика дали на загреан мотор или ладен. Сменет филтер за нафта и редовен сервис пред 2 месеци. Акомулаторот е 7 месеци стар. Clio 1.5 dci. Некој да не имал слично искуство или совет?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #1 на: 17 Јуни 2022, 16:27:19 pm »
Секако ќе мора на дијагностика, можеби ќе исфрли некоја грешка. Нека ти проверат дали имаш струја до грејачите (да не е рикнато релето на грејачите) или конекцијата - каблите од релето до ECU (главниот компјутер).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #2 на: 17 Јуни 2022, 17:09:44 pm »
Ќе ја носам на дијагностика утре, инаку со мајстор зборев и сумља на бош пумпа и дизни ( 650е репарација). Се надевам дека не е до тоа :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #3 на: 17 Јуни 2022, 20:29:08 pm »
Ќе ја носам на дијагностика утре, инаку со мајстор зборев и сумља на бош пумпа и дизни ( 650е репарација). Се надевам дека не е до тоа :)
И мене така ме извадија од памет за можни проблеми а излезе дека е релето на гејачите. Не мора да значи, може кај тебе стварно е бош пумпата или дизните, и да, таа беше цената некаде. Која година ти е Клиото, какви дизни има, Делфи, Бош?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #4 на: 17 Јуни 2022, 22:16:45 pm »
2005та е колава, за дизните незнам што се. Здравје утре ќе видам со дијагностика па ќе пишам.

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #5 на: 19 Јуни 2022, 12:01:26 pm »
Излезе грешка со сензорот за брегаста осовина df195. Ќе сменам сензори следна недела. Фала на советот

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #6 на: 26 Јуни 2022, 01:49:28 am »
Не е до сензорот, го извадија на мајстор го исчистија проблемот остана. Некоја препорака за мајстор бош пумпани дизни да проверам или половна пумпа да барам како поевтина опција?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #7 на: 26 Јуни 2022, 09:21:43 am »
Сензор за брегаста осовина не се чисти, се менува. Или смени си го мајсторот или посочи му дека сакаш да го смениш сензорот :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #8 на: 26 Јуни 2022, 09:44:22 am »
Сензорот не се поправа, но се чисти. Чисто механичко површинско чистење. Чистење на сензорот и контактите, и проверка на електриката внатре со унимер. Дали е ефективно? НЕ.
Многу ретко, да не речам ич. Најубаво купи нов.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #9 на: 26 Јуни 2022, 09:59:08 am »
Тие се магнетски или HAL сензори најчесто, направени се за да не влијае на нив ѓубре и контаминација. Чистење обично ништо не помага.
Но, можно е и да не е сензорот дефектен со оваа грешка како што читам по нетов, можно е да е изместено палењето, односно компјутерот да ја исфрли оваа грешка недобивајќи информација во вистинско време (во зависност од сензорот на радилица, бидејќи двата сензори работат заедно, за да го одредат тајмингот за палење). Откако ќе смените сензор (прво нов сензор, секако), проверете го и палењето, односно да не скокнал ременот запче-две, доколку продолжи проблемот со палењето на автомобилот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #10 на: 27 Јуни 2022, 08:24:54 am »
Во среда договорив друг сервис ( Нико 1 за рено што се) па ќе видам и со нив што ќе кажат. Фала на информациите

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #11 на: 27 Јуни 2022, 08:27:29 am »
Мал update, викендов на пат ја возев и приметив намалена снага на моторот, не влече како порано...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #12 на: 27 Јуни 2022, 08:39:54 am »
Во среда договорив друг сервис ( Нико 1 за рено што се) па ќе видам и со нив што ќе кажат. Фала на информациите
Си договорил? Браво, порано не работеа со закажување.

Отсутен Jovano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем при палење на колата
« Одговори #13 на: 28 Јуни 2022, 22:32:42 pm »
Колава денес пали без никаов проблем. Сабајле и вечерва ја возев. Пали од прва без никакви симптоми од предходно.... дали што извозев 900км викендов па нешто имало со гушењето незнам.