Автор Тема: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS  (Прочитано 9974 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #15 на: 24 Март 2022, 11:20:26 am »
Одлична конфигурација, со здравје да се вози. Комбинацијата на мотор и менувач е сосема доволна за секоја ситуација, јас само наместо +15мм би ставил -15мм :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1884
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #16 на: 24 Март 2022, 11:31:21 am »
Одличен избор, со здравје да се вози. +15мм и дополнителна заштита на подвозје е добра работа, особено со калдрмиве наши.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #17 на: 24 Март 2022, 11:42:19 am »
Топ со здравје да си го возиш убао количе, само воланот никако неможам да го сварам како на застава е :) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk


А што му фали на воланот на Застава :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #18 на: 24 Март 2022, 13:03:12 pm »
Фала уште еднаш на сите на честитките, да ви се врати се што ке си посакате.

AngelSK Цените пораснаа и додека ја чекав, мојата стана поскапа за околу 1000еу. затоа и не ми се откажуваше, зашто и сите други поскапеа.

Filip MK Бојата е добра, инаку првично беше нарачана бела, но ја сменив по неколку месеци.

Deni Мислам дека ке одам со гуми за сите сезони, имам добро искуство со такви.

Busav Воланот на некој му личи на застава, на друг на Мерцедес S class , зависи за кој како.

А тоа со +15 или -15, секој си знае што сака и што му треба . -15 секако поубаво би изгледало, но не е се во изгледот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #19 на: 24 Март 2022, 13:12:14 pm »
Честито нова кола, многу безгрижни километри да поминеш. Убава опрема има и од мене поддршка за +15мм пакетот :)


Создравје да се вози!
Интересна комбинација од сув и хечбек за фамилијарни потреби?) низ град и низ село. :) По спецификации има сосема пристоен гепек, но ме интересира просторот од внатре. Можеш да направиш некоја споредба со хечбек во Голф класа? Голфот е за некои 11cm покус, има помал 20% гепек, но генерално е тесен за фамилијарно патување на подалеку.

Јас ја разгледував Скалата како опција за возило. Средно комфорно ќе пишам според мене и мојата висина од 199. За пониски мислам дека комоцијата на подолги патувања ќе е подобра во секој случај. Немав пробано Голф кога барав ауто, но се имам возено доволно пати во Голф 7 и мислам дека за нијанска Скала е покомотна. Тоа нијанса може и да е ептен малце :) Споредено со Голф Спортсван, каков што имам, помала е внатре па со тоа и понекомотна за долги патувања.

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 567
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #20 на: 24 Март 2022, 13:35:20 pm »
Честитки, со здравје да се вози

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 968
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #21 на: 24 Март 2022, 21:03:10 pm »
Топ со здравје да си го возиш убао количе, само воланот никако неможам да го сварам како на застава е :) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Може и s-class да биде


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #22 на: 24 Март 2022, 21:56:09 pm »
Од што штити +15mm повисока суспензија? Помеко е? Не се криват бандажите?

Присутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #23 на: 24 Март 2022, 22:04:48 pm »
Од што штити +15mm повисока суспензија? Помеко е? Не се криват бандажите?
Висината не штити, штити додатна пластична заштита под мотор и не уште некои места на подвозјето. Помеко не е.

Присутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #24 на: 24 Март 2022, 22:07:46 pm »
Уште нешто да спомнам, lane assist го исклучив на автопатот Скопје Велес, сите понекогаш си сечеме по малку од тие кривините ако нема кола во близина нели, ме изненади 2-3 пати кога сакаше да ме врати во лентата мислев во провалија ке завршам. Не ми се допаѓа баш тој систем , но во некои ситуации може и да помогне.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #25 на: 24 Март 2022, 22:19:58 pm »
Lane assist служи за да те одмени да не мораш да врткаш ти волан за да држиш лента. Но во никој случај не смееш да тргнеш раце од волан. Јас немам доверба во тој систем иако одлично функционира на прописно нацртани патишта.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #26 на: 24 Март 2022, 22:34:01 pm »
Да, но во ситуација влегуваш во остра кривина лево а десно провалија и малку згазеш на линијата и наеднаш нешто ти го влече воланот на десно знае да те исплаши малку посебно ако прв пат се соочуваш со таков систем.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3594
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #27 на: 25 Март 2022, 00:32:06 am »
Си бара навикнување тој систем, а и не е за кривулести патишта како Скопје - Велес. Од кога ќе се навикнеш на него и помошт од него е одлична работа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #28 на: 25 Март 2022, 12:29:29 pm »
Денеска си ставивме TW Ceramic spray за малку заштита.



« Последно менување: 25 Март 2022, 12:47:48 pm Aleksandar90 »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #29 на: 25 Март 2022, 12:33:39 pm »
Страшно.