Автор Тема: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS  (Прочитано 8931 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #105 на: Март 06, 2023, 07:48:27 am »
Смени си и кабински, за гориво не ми се верува дека го менуваат.
Ги менуваат филтрите за воздух и кабина додатно во Скопје, во Струмица не.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5718
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #106 на: Март 06, 2023, 07:57:07 am »
Зависи колку имаш поминато и во каква средина живееш, можиш и да не ги мениш.

Во Јосифов колега од работа зеде од Тојота Скопје, 2018та Толедо 1.6ТДи, и мал сервис го плате мислам 200€ (ако не го сменам значи толку беше).
Врти сучи исто ти иди, само во Скопје изгледа го пресметуваат и патот до друг град ако одиш, исто да ти дојди.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 479
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #107 на: Март 06, 2023, 09:38:36 am »
Затоа и пишав погоре, на прв сервис се менуваат филтер за воздух и кабина само по барање на клиент. Секако истите се проверуваат и ако се загадени се договара со клиентот дали да се сменат или не на лице место.

Што се однесува до маслото, се даваат две варијанти за избор на клиентот, како што пишал и @Aleksandar90 погоре, поради разликата во цена. Гаранцијата на возилото си останува да важи и со двете варијанти.

Кај 1.0 TSI нема промена на филтер за гориво.

Секако, и сервисот направен во Струмица си влегува во официјалната онлајн историја на возилото.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #108 на: Март 06, 2023, 11:39:29 am »

А дополнителни проверки, компјутер, фабрички грешки и други пријавени проблеми не по вина на сопственикот (recall i sl) се поправаат во овластен сервис или само во Скопје? Мислам на работи кои не се плаќаат додатно туку се под гаранција.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 479
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #109 на: Март 06, 2023, 11:47:45 am »
Се поправаат секако, кога бројот на шасија од возилото ќе се внесе во централен систем веднаш излегува дали за истото има некаква фабричка акција, recall итн.

И да нема фабричка акција за возилото, при сервис истото се става на компјутер за проверка на евентуални грешки.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #110 на: Мај 28, 2023, 11:45:26 am »

Со поминати 13к км и нешто повеќе од година дена со мојот "Scamiq", да пишам збор два.Потрошувачката просек помеѓу 5.5 и 6.
Иако само 1.0, поубава ми е вожњата на отворен пат и автопат отколку во град. ДСГ то знае понекогаш да затрза при менување во помала
брзина кога е во "С", посебно во прва, исто кога е добро загреан има некое тивко метално тропкање во "Д", при активирање и деактивирање на "coasting", и при возење со вклучен "coasting" по нерамнини. Познати работи кај новиот сув ДСГ7 dq200, има простор за усовршување на истиот.
Она што е најслаба страна на колата според мене е слабата изолација одоздола, преку гумите се се пренесува внатре побучно отколку што би требало. А не е до гумите , тие се со комфорни димензии , 195/60 р16, меки за сите сезони и со индекс 68 децибели. Другите поситни работи што ми сметаа, крцкање на гумите на вратите, појако тресење на ауспух во лер и сл. ги средив сам, немаат слух во сервис за такви работи, те гледаат бледо и молчат кога ке почнеш со замерките. Се на се солиден автомобил, за 18к доста добив, со оглед на тоа што конкурентите со исти димензии опрема и менувач сега се над 25к.
« Последно менување: Јуни 07, 2023, 06:54:32 am Aleksandar90 »

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #111 на: Август 04, 2023, 18:32:49 pm »
Споредба со новиот модел, мали но симпатични промени

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5293
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #112 на: Август 04, 2023, 20:47:50 pm »
Vnatre vo poslednoto nivo na oprema dosta dobro izgleda so ambient light.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 53254
  • Махер
Одг: Skoda Scala 2022 Ambition 1.0 TSI DSG7 110 KS
« Одговори #113 на: Август 18, 2023, 11:34:32 am »
Доста подобрена предница. Сега не личи на Москвич во фаровите.