Ова испаѓа дека Голф 8 всушност е Бест Бај. Побрзо, поквалитетно, поизолирано и поефтино од ова Mindblown
Голфот повторно го оправдува епитетот "КРАЛ"
Секако дека е КРАЛ на овие простори. И да го платиш поскапо од другите брендви, ќе го продадеш релативно многу поскапо од друг бренд и најбитно ќе го продадеш одма. Во 2019-та купив Golf VII 2.0TDI Highline купен од МК со 80ККм. Од тогаш до сега барем 30 души ме прашале за да го купат и тоа по повисока цена од што го купив. Во моментов има 110ККм и ми нудат 2000 евра повеќе од тоа што го платив во 2019-та.
Во 2014-та огласив Mazda 6 со поминати 100ККм, исто така купена од МК екстра сочувана и редовно одржувана, едвај ја продадов по годинаипол (на член од форумов) по цена 20-30% пониска од што без проблем се продаваа скантани Пасати со исто ниво на опрема, со најмалку дупло километри поминати, купени во странство по цена иста како што е купена Маздата.
Во меѓувреме без проблеми продадов Passat со изгорена турбина, Audi A6 и тотализиран Mercedes A класа во рекордно време откако ги огласив.
Така да од тој аспект било кој VW, Audi, BMW или Mercedes е подобра варијанта од било кој јапонец земајќи ги сите можни фактори во предвид (вклучително и издржлвиост и расипливост). Притоа VW Golf е буквално КРАЛ-от што барем две третини од популацијата овде го сака ако не како примарно, како секундарно возило.