@BraneMKD Подобро ќе ти биде да земеш обичен хибрид отколку тој на полнење.
Би требало да има околу 80км само на струја. Скоро секој ден после работа го шетам кучето до парк и некаде возам 5 км а за викенд идам до Куманово или викендичка во Паланка, па ако се снајдам со полнач, скоро и да нема да треба да полнам многу гориво. Кога идам на подолги релации, ке си го има нормалниот мотор, што би вршело работа. Тоа е некое да кажам разумно размислување. Е сега за се тоа треба да дадам 50к евра и срцето вика со тие пари се зима GLC стар некоја година со се живо напукан и мерак до максимум.
Не дека ми треба нова кола, оваа што ја имам си врши работа, ама ете нешто да дреме у глава.