Судејќи по новата Insignia, Opel сосем солидно си ја брка работата. Вие тресете колку сакате.
Би рекол дека и новата (односно веќе извесно време актуелната) Астра е сосема солидно возило. Особено во повисоко ниво на опрема, зрачи со некоја суптилна префинетост и елеганција. Не знам што се забавија толку со ОРС верзија...
Корсата, иако „нова“, е жива труба;
Карл не би го ни коментирал, очаен склоп на евтиноќа;
Адам си има нешто интересно, кога ќе влезеш внатре. Дава некој убав „Фиат 500 лајк“ филинг, мада според мене, не му е дораснат на Фиатот, без разлика што 500-ката е веќе 10 години стара.
Рентав Корса во Германија. И покрај тоа што екстериерот е катастрофа од дизајн, ентериерот, удобноста и вожњата пријатно ме изненадија. Матерјалите во внатрешноста и изработката се за класа повисоко ауто. Да бидам искрен беше со фул опрема, не би можел да кажам кое ниво, ама имаше повеќе од што треба. Да поработеле малку повеќе на дизајнот сигурно би била бестселер.