Гласање

Со кој бренд на полначи имаш позитивно искуство?

EINHELL
3 (8.3%)
MAXPULS
0 (0%)
PRAXIS
1 (2.8%)
FOXSUR
3 (8.3%)
Клон на FOXSUR
0 (0%)
RAIDER
0 (0%)
INGCO
0 (0%)
EXTOL
1 (2.8%)
ULTIMATE SPEED (LIDL)
12 (33.3%)
EXIDE
2 (5.6%)
VILLAGER
0 (0%)
CTEK
5 (13.9%)
BOSCH
3 (8.3%)
TOTAL
0 (0%)
AGRINA
0 (0%)
ДРУГ
6 (16.7%)

Вкупно гласови: 35

Автор Тема: Полначи за акумулатор  (Прочитано 12947 пати)

Отсутен Metuzalem

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #120 на: 12 Септември 2023, 07:01:04 am »
Прашање.

Акумулатор овој:



Испразнет многу, скоро неќе ни да вергла, односно вергла бавно. Едит: Кога го приклучив на полначот, не беше пониско од 12.4 волти.

Го полнам на ова:



И му требаат повеќе од 48 часа. За тоа време оди до 14,6 волти, па намалува до 12,хх волти. Цело време индикаторот за полнење (знакче во облик на кола) трепка, значи не завршил со полнење и затоа не го прекинав (а и демек полначот има триста заштити). На крај протече од страна и падна на 12,9 волти. Дури тогаш престана да трепка.



Стрелката покажува капка што се појави после бришење (сигурен сум дека избришав и на тоа место), а веројатно тече од дупчето горе.

1. Дали треба и дали постои начин да ја надополнам течноста (со дестилирана вода)? Ми изгледа како да не се отвора акумулаторот, ама да си прашам. Истече отприлика 1 супена лажица течност.

2. Дали пак да го приклучам да се полни? Се разбира дека ќе го оставам да се одмори и да видам дали уште ќе тече, но глупо ми е што заврши на 12,9 волти, значи ненаполнет.

3. Не му е паднат капацитетот премногу, нели? Мислам дека е доволно за југото да тера уште некое време.

« Последно менување: 12 Септември 2023, 07:18:36 am Metuzalem »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #121 на: 12 Септември 2023, 09:13:18 am »
Тој на 12.4 ако не верглал ќе да е за в ѓубре.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #122 на: 12 Септември 2023, 09:14:54 am »
Ко ќе е полн алкумулаторот, тој полнач го држи потоа на ~13V, па сега со 12.9 ако пак не вергла, акумулаторот е за вѓубре или имаш друг проблем.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #123 на: 12 Септември 2023, 10:44:56 am »
Освен ЛИДЛ-скиот, друг некој ваков смарт полнач да препорачате, да имам зимоска за секој случај?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #124 на: 12 Септември 2023, 10:52:38 am »
Каков смарт,тоа е срање за у ѓубре, фрлив еден од лидало.
Земи си на трафо,акумулаторите ѓи враќа од мртвите.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #125 на: 12 Септември 2023, 10:57:02 am »

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #126 на: 12 Септември 2023, 11:14:29 am »
Освен ЛИДЛ-скиот, друг некој ваков смарт полнач да препорачате, да имам зимоска за секој случај?
Ако случајно ми рикне Ultimate Speed ко шо вика рики, следен на листа ми е CTEK.
https://www.amazon.de/-/en/Battery-Charger-Automatic-Temperature-Compensation/dp/B00DEID79G/

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #127 на: 12 Септември 2023, 11:51:51 am »
И јас прво сакав CTEK, после видов куп ривјуа дека прегревање им е проблем заради малите фенси куќишта. Настрана што кошта колку 10+ од поевтините (кои исто си вршат работа за дополнување и одржавање). Како што кажува и Рики за поиспразнети акумулатори мајката му е олд скул полначи со големо трафо, имам и таков од татко ми правен, 10 килски силеџија со 40-60еесет ампери (ако добро паметам).

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #128 на: 12 Септември 2023, 11:56:20 am »
За ко овој другиот збориш рики?
https://www.premiumtools.com.mk/index.php?route=product/search&search=%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%87
Првиот ти е смарт,вториот со трафо.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #129 на: 12 Септември 2023, 13:15:02 pm »
Освен ЛИДЛ-скиот, друг некој ваков смарт полнач да препорачате, да имам зимоска за секој случај?

Јас имам ваков, можам само да го препорачам:



CTEK MXS 5.0
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #130 на: 12 Септември 2023, 13:46:49 pm »
За ко овој другиот збориш рики?
https://www.premiumtools.com.mk/index.php?route=product/search&search=%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%87
Првиот ти е смарт,вториот со трафо.


I dvata se preskapi. Ista rabota brkaat kako onie od aliekspres a koshtaat 2x 3x pati povekje. realno polnachive se skapi i na aliekspres a ne pa ovie kaj nas.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #131 на: 12 Септември 2023, 14:03:41 pm »
Еден ваков имам(не е смарт), со трафо е. Од сите што ги имам, тој ми изгледа како најдобар. Земен е 50тина евра, сега се поскапени.
Бугарија исто гледам ги има. Пишува дека има заштита од обратен поларитет и од преоптоварување.
Тежи...
https://speedyparts.ie/product/absaar-11-amp-12v-battery-charger/


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #132 на: 12 Септември 2023, 15:02:26 pm »
Aliexpress ќе си разгледаш по ревјуа , има топ полначи за ич пари, некој клонови од овие скапите за десетина од цената, јас сум задпволен,  со тоа опцијата со десулфизација  скоро сум сигурен 100% дека ги имам вратено од мртвите двата акомулатори.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #133 на: 12 Септември 2023, 15:48:39 pm »
Споделете линкови де :)

Отсутен bilbil

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Полначи за акумулатор
« Одговори #134 на: 17 Октомври 2023, 16:23:11 pm »
Прашање.

Акумулатор овој:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Испразнет многу, скоро неќе ни да вергла, односно вергла бавно. Едит: Кога го приклучив на полначот, не беше пониско од 12.4 волти.

Го полнам на ова:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И му требаат повеќе од 48 часа. За тоа време оди до 14,6 волти, па намалува до 12,хх волти. Цело време индикаторот за полнење (знакче во облик на кола) трепка, значи не завршил со полнење и затоа не го прекинав (а и демек полначот има триста заштити). На крај протече од страна и падна на 12,9 волти. Дури тогаш престана да трепка.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Стрелката покажува капка што се појави после бришење (сигурен сум дека избришав и на тоа место), а веројатно тече од дупчето горе.

1. Дали треба и дали постои начин да ја надополнам течноста (со дестилирана вода)? Ми изгледа како да не се отвора акумулаторот, ама да си прашам. Истече отприлика 1 супена лажица течност.

2. Дали пак да го приклучам да се полни? Се разбира дека ќе го оставам да се одмори и да видам дали уште ќе тече, но глупо ми е што заврши на 12,9 волти, значи ненаполнет.

3. Не му е паднат капацитетот премногу, нели? Мислам дека е доволно за југото да тера уште некое време.

Гледам постов е од септември ама ако не ти е касно скини ја налепницата кај што пишува дурацел, ако е како мојот фиам треба да има капачиња и провери дали во некоја ќелија ти фали течност.