И јас ставив Tomex ама не зошто сметам дека се најсоодветни, туку зошто на дисковите ова им е последен сет плочки. Сега за сега има понекад цвичење при минимално притисната кочница, ама не како воз.
За кочење, немам ни поплаки, ни пофалби. Кочат исто како претходните.
Во поглед на штедењето на кочници и гуми, немам коментар. Комплетно погрешна стратегија во мои очи, верувам и во очите на други луѓе. Стилот на возење не е изговор - ако ти внимаваш и возиш дефанзивно, некој друг може да лудува и да предизвика опасност од која ти треба да се спасиш.
Секако, не е криминал да купуваш поевтини заменски делови, ама пак не е препорачливо буквално најевтините да се купат.