Земена колата од сервис, ја оставив да ја прегледаат детално околу подвозјето и мотор.
Моторот си е во ред.
Подвозјето богами доста работи за промена, така да сменети кратки спони лево десно, спони надворешни, рамења и преден лев лагер со главчина. Од сервис однесена кај Мето на центрирање, задно десно тркало имало доста нагиб што не треба да е така, средено се и центрирана.
Разлика има, постегната и попрецизна е некако.
Останува уште предни дискови и плочки да земам и да се заменат, веќе контактиран е Прч, уште да му потврдам за кога.
Рамнењето дискови кај Мирко беше одлично, ама се искривија пак, можеби е до дисковите (главчините беа проверени и се прави), а може е и до мене и начинот на кочење "понекогаш", зошто со 1800кг не се кочи од 140 нагло, се надевам ова ќе се промени кај мене и нема да имам веќе фрка.
Останува утре ако се убаво исушени браникот и крилото да ги монтирам и пичиме даље.